Црна хроника
Петмина повредени во тепачка во Кисле Вода
Пет лица се повредени во тепачка што се случила синоќа, еден час по полноќ на улицата „Сава Ковачевиќ“ на последната постојка на автобусот со број 24, соопшти МВР
Според првичните информации, во тепачката учествувале три лица, меѓу кои и една девојка, од една страна и две лица од друга страна. Најпрвин настанала расправија, по што била употребена физичка сила и остар предмет. Тројца од повредените се задржани во Ургентен центар, а другите двајца се наоѓаат во Градска болница. Полицијата сè уште го утврдува мотивот поради кој настанала тепачката и го расчистува случајот. Уште една тепачка синоќа, во исто време имало и во скопското село Синѓелиќ. И во неа има повредени лица. Од МВР најавија детали за подоцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.
Црна хроника
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници ги уапсиле Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.
Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.
Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.

