Црна хроника
Разбиена група што крадела пари од банкомати
Полицијата разоткри криминална група, која со фалсификувани платежни картички од банкомати успеала да извлече 550.940 денари, односно околу девет илјади евра
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, приведени се осум лица, кои набавиле уред за снимање на податоци од платежни картички, по што во повеќе наврати го монтирале на банкомати низ земјата и снимале податоци од платежни картици во сопственост на македонски државјани. Потоа овие податоци ги носеле во Бугарија, каде што им биле изработувани фалсификувани платежни картички, кои потоа се употребувале во Македонија. Криминалната група во текот на октомври на банкомати во Скопје, Тетово, Гостивар, Велес и Софија, извршила вкупно 261 нелегална трансакција, од кои 76 успешни трансакции со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 550.940 денари и 185 неуспешни нелегални трансакции во износ од 1.305.930 денари. Кривични пријави заработија осум лица, а по извршениот претрес во домовите била пронајдена и опремата со која е вршен криминалот. Од страна на истражен судија на пријавените А.Н., А.Н. и Џ.З. им е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена, додека на останатите пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.