Црна хроника
Глоба од 2.000 евра за седум лица од Скопје, кои го прекршиле полицискиот час

Против седум лица од Скопје, денеска, скопското Јавно обвинителство до надлежниот суд достави предлози за издавање казнени налози поради кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниви според Кривичниот законик.
Според надлежните, обвинетите го сториле делото така што не ги почитувале прописите со кои е определена забрана за движење на населението во определен дел од денот, односно полицискиот час, како мерка за спречување ширење заразна болест.
Без да поседуваат дозвола, тие се движеле на разни локации во градот за време на полицискиот час, при што биле затекнати од полициски службеници.
Надлежните јавни обвинители предложија Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Tри девојчиња нападнале 15-годишна тинејџерка во Карпош

Во Карпош пред два дена, 15-годишно девојче било нападнато од три малолетнички, информира СВР Скопје.
Инцидентот бил пријавен в од страна на нејзината мајка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Во истата скопска општина, вчера бил пријавен и случај со насилство врз 10-годишно момче во основно училиште.
Црна хроника
Жена се повредила додека влегувала во лифтот во МРТ

Вчера во Градската општа болница Св.Наум Охридски била донесена Е.Т.(52) од Скопје.
Според информацијата од полицискиот билтен, жената се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ.
За настанот бил известен трудов инспектор.
Топ
10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош.
Според информацијата, вчера околу 14:30 часот во ходник од основно училиште, 10-годишно дете било физички нападнато од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.