Топ
Жена со повреди на главата пронајдена мртва во куќа во Охрид

Жена е пронајдена мртва во викенд-куќа во Охрид. Нејзиното тело било пронајдено утрово, од маж со кој престојувале во куќата. Од првичните резултати од увидот, констатирано е дека жената имала повреди на главата.
„Во 08.20 часот во СВР Охрид, С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата ‘Св.Еразмо’ во Охрид ја пронашол почината М.М(35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека починатата имала повреда на главата, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција”, велат од МВР.
По извршениот увид од полицијата, ќе се проверува која е причината за смртта.
Инаку, претходно, безживотно тело беше пронајдено и во автомобил во близина на Горна Порта во Охрид. Стануваше збор за маж, кој починал во автомобил. Досега, нема информации за траги од насилство врз телото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.
Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.
Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.
Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.
Македонија
Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза можат да посетат 129 дестинации

За прв пат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите десет. САД паднаа на 12-то место, израмнети со Малезија, во најновиот квартален извештај.
Листа на најмоќни пасоши во 2025 година:
Сингапур (193 дестинации)
Јужна Кореја (190)
Јапонија (189)
Германија, Италија, Луксембург, Шпанија, Швајцарија (188)
Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Ирска, Холандија (187)
Грција, Унгарија, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Шведска (186)
Австралија, Чешка, Малта, Полска (185)
Хрватска, Естонија, Словачка, Словенија, Обединети Арапски Емирати, Обединето Кралство (184)
Канада (183)
Латвија, Лихтенштајн (182)
Исланд, Литванија (181)
САД, Малезија (180)
Што го прави пасошот „моќен“? Еден јасен показател е отвореноста за патување – можноста за влегување во дестинации низ целиот свет едноставно со покажување на пасошот, без потреба од виза.
Индексот на пасоши Хенли е еден од неколкуте што ја мерат таквата „моќ“ на пасошот и, за прв пат во својата 20-годишна историја, американскиот пасош испаѓа од првите десет. Три азиски пасоши сега го држат првото место: Сингапур со пристап без виза до 193 дестинации, Јужна Кореја со пристап до 190 дестинации и Јапонија со 189 дестинации.
Во меѓувреме, САД се изедначени на 12-то место со Малезија. Граѓаните на двете земји уживаат пристап без виза до 180 од 227 земји и територии следени од индексот. Индексот, составен од лондонската консултантска компанија „Henley & Partners“, користи ексклузивни податоци од Меѓународното здружение за воздушен транспорт (IATA). Бидејќи „Хенли“ рангира повеќе земји со ист резултат како едно место, всушност 36 земји имаат подобар резултат од САД на таа листа.
Падот на американскиот пасош е резултат на низа промени во правилата за влез.
„Слабеењето на американскиот пасош во текот на изминатата деценија е повеќе од случајност – тоа е фундаментална промена во глобалната мобилност и динамиката на меката моќ“, рече Кристијан Х. Келин, претседател на „Henley & Partners“.
„Земјите што ја прифаќаат отвореноста и соработката брзо напредуваат, додека оние што се потпираат на минатите привилегии заостануваат.“
Македонија е рангирана на 42 позиција со можност за влез без виза во 129 држави.
Најдобро рангирана земја од регионот е Грција, чиј пасош се најде на 6 место со можност за посета на 186 држави без виза.
Србија е на 36 позиција, со можност да посети 137 држави без виза, Албанија е 47 место заедно со Босна и Херцеговина, со можност за патување без виза на 122 дестинации. Бугарскиот пасош е на 14 место со можност за посета на 178 држави без виза. Црна Гора е 43 место, а со црногорскиот пасош можат да се посетат 128 држави без виза, Хрватска и Словенија се на 8 место, со можност за посета на 184 држави без виза.
На дното од листата, на 106-то место, Авганистан останува најслабиот пасош со безвизен пристап до само 24 дестинации, две помалку отколку на почетокот на годината. Сирија е на 105-то место (26 дестинации), а Ирак е на 104-то место (29 дестинации). Јазот во мобилноста помеѓу најдобро и најлошо рангираните пасоши е 169 дестинации.
Македонија
Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа ќе биде пречекана од премиерот Христијан Мицкоски во Владата со кого ќе разговараат за повеќе прашања.
Мицкоски најави дека од посетата очекува реафирмација на европската перспектива на земјата и конкретна испорака од ЕУ. Тој потврди дека Владата, преку Министерството за дигитална трансформација, соработува со ЕК на проект за отворање центар за вештачка интелигенција во Македонија, вреден околу пет милиони евра.
Фон дер Лајен претходно ги посети земјите од Западен Балкан, а во Скопје ќе има средби и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.