Македонија
Владата ќе ја одржи 68. седница, ќе одлучува дали ќе има промена на полицискиот час
Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 68. седница, со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби.
Од таму додаваат дека на седницата, која ќе почне во 19:00 часот, ќе биде разгледуванзаписникот од Триесет и петтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Ковид-19, одржан на 3 мај 2021 година.
Според дневниот ред, на денешната седница пред министрите ќе се најде предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за водостопанство за 2021 година.
На редовната седница Владата ќе ги разгледува и Информацијата за кредитните барања кои ги исполнуваат условите за кредитирање по Јавниот повик бр. 1 за кредити од кредитната линија за поддршка на микро и мали претпријатија со можност за грант-компонента (Ковид 3 кредитна линија), како и Информацијата за извршените и планираните активности во однос на претседавањето на Република Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година, предложена од Министерството за надворешни работи.
За донесените одлуки и заклучоци од 68. редовна Владина седница, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет-врска, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.

