Македонија
Без струја повеќе делови на Скопје
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска се планирани следните технички зафати во електроенергетскиот систем во Градот Скопје и без електрична енергија ќе останат:
во периодот од 9:00-12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Блажо Биринчето,ул.Франц Розман, ул.Петар Шаулев, ул.Франц Месеснел (општина Карпош)
во периодот од 12:10:14:00 часот корисниците на дел од ул.Лука Геров бр.13 и бр.15 и околните згради (Општина Ѓ.Петров)
во периодот од 8:45-11:00 часот дел од ул.Лука Геров од бр.33-43, непарните броеви и околните згради (општина Ѓ.Петров)
во периодот од 8:30-14:00 часот корисницте на дел од с.Морани (после каналот пат за Зелениково (општина Студеничани)
во периодот од 9:00-15:00 часот корисниците од ул.Леринска, ул.Стрезово и дел од ул.Козле (општина Карпош)
во периодот од 10:00-11:00 часот корисниците на дел од ул.Тодор Чангов подулица бр.52 (општина Аеродром)
во периодот од 9:00-10:00 часот корисниците на дел од с.Орешани ул.7 (општина Зелениково)
во периодот од 11:30-14:00 часот корисниците од селата:Чифлик, Дивље, Живиње, Сушица, Средно, Долно и Горно Коњари.(општина Петровец)
во периодот од 8:30-15:00 часот корисниците од ул.Ѓорѓи Поп Христов, ул.Благоја Паровиќ, ул.Никола Малешевски, ул.Роналд Реган (општина Чаир)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

