Црна хроника
Казни за 195 возачи во Скопје, 25 возеле без возачка дозвола

На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 195 казни, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции, 19 за возење над дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени биле 15 санкции за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли и 57 за непрописно паркирани возила.
Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел поголема безбедност во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Десетгодишно дете тешко повредено, паднало од електричен тротинет во Гостивар

Вчера во 19.54 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар, 10-годишник од Гостивар, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Црна хроника
Две и полгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и четирицикл

Две ипол годишно дете кое се превезувало на четирицикл е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Зелениково-с.Страхојадица.
Во несреќата учествувале патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од с.Дејковец, скопско и четирицикл управуван од С.М.(28) од с.Стахојадица, општина Зелениково.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот и две ипол годишно дете, сопатник на четирициклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена во двор во Нов Дојран

Вчера во Полициското одделение Нов Дојран, Ж.К.(65) од Скопје пријавил дека околу 17.30 часот во дворно место од неговата викенд куќа во Нов Дојран пронашол експлозивна направа.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Штип ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана граната калибар 70мм која потекнувала од Првата светска војна.