Црна хроника
(Видео) 22 прекршување на забраната за движење, 508 санкции за неносење маска
Од 23:00 часот (5.5.2021) до 5:00 часот (6.5.2021) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (5/6.5.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 508 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесат за спречување на ширењето на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со „цитроен“ во Струмица маж излетал од патот, тешко повреден сопатникот
Во 00.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Н.(56) од Струмица, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ж.А., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Црна хроника
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
Вчера во 18.45 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода А.Т.(35) од с.Мала Речица, тетовско.
При претрес во домот кој го користи под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени саксии со насади од растението канабис, шишиња со течност и други предмети поврзани со делото.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли