Црна хроника
По десет години бегство, уапсен познат тетовски криминалец

По десет години бегство, МВР синоќа го уапси дваесет и деветгодишниот Мухамед Асани – Мека, познат криминалец од Тетово. Мека е предаден на издржување на затворска казна од 22 години во „Идризово“
При претрес на неговиот стан на улица „Вонвардарска“ во Тетово, пронајден е пиштол „Застава“ калибар 6,35 милиметри со рамка со еден куршум и футрола, дигитална електронска вага, една кеса со 20 зипер пакувања со непозната зелена тревкаста материја, две кесиња со ваква материја и околу 500 празни најлонски пакувања, соопштуваат од МВР.Против Мека се поднесени вкупно 15 кривични пријави, три посебни извештаи и три прекршочни пријави. Осудуван е за изнуди, разбојништва, обиди за убиство, тешки кражби, како и дека учествувал во неколку вооружени инциденти на вонредните избори во 2008 година.При акцијата биле затекнати уште неколку лица со него, а против едно од нив ќе биде понесена и кривична пријава за неовластено држење на оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.