Црна хроника
Пожар во О.У. Кузман Јосифовски – Питу во Кисела вода
Попладнево околу 14 часот избувна пожар во Основното училиште Кузман Јосифовски – Питу на улицата „Огњан Прица“ во скопската населба Кисела вода, соопштија од СВР Скопје
Во пожарот како што информираат од противпожарната бригада, опожарена е една просторија, а пожарникарите не дозволиле пожарот да се прошири во соседната училница и кон покривот.Пожарот е локализиран и нема поредени ниту деца, ниту пожарникари. При гаснењето на пожарот учествувале седум противпожарни возила и 17 пожарникари.Моментално се врши увид на местото на пожарот и се утврдуваат причините поради кои настанал пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

