Црна хроника
„Метастаза“ пресече синџир за лажирање пензии
Полициската акција „Метастаза“ заврши во понеделник со апсењето на околу 40 лица во клиниките во три града, осомничени дека на незаконски начин издејствувале инвалидски пензии во околу 50 случаи
Според Министерството за внатрешни работи, акцијата за отркивање на незаконското доделување инвалидски пензии започнала уште пред една година, од кога траело документирањето на податоците за злоупотребите. Со кривични пријави се опфатени вкупно 37 лица, а неофицијално 34 од осомничените веќе се приведени. Уапсени се членови на Првостепената и Второстепената комисија за доделување инвалидски пензии, а меѓу нив и 17 доктори и специјалисти од приватните и јавните болници, кои учествувале во давањето дијагноза, чии имиња засега не се откриваат. Уапсени се и лицата посредници, кои наоѓале заинтересирани граѓани за добивање инвалидска пензија на нелегален начин. Најмногу доктори се уапсени од Клиничките центри во Скопје, Тетово и Струга, претежно кардиолози, ортопеди, пумолози и психијатри. Извршени се и 15 претреси во домови. Апсењата се вршени во домовите на осомничените, како и на нивните работни места. Како што соопштуваат од МВР, ова е завршна фаза на акцијата „Метастаза“, која имаше за цел да го прекине криминалниот синџир за стекнување со инвалидска пензија со поткуп.Претходно полициски извори за Форум потврдија дека во текот на денешниот ден Министерството за вантрешни работи почнало голема акција во која беа приведувани околу четириесеттина лекари од скопските клиники и од Фондот за пензиско и инвалидско осигурувањеПретходно полициски извори за Форум потврдија дека во текот на денешниот ден Министерството за вантрешни работи почнало голема акција во која беа приведувани околу четириесеттина лекари од скопските клиники и од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.Голем дел од граѓаните подолг период се соочуваа со неправилно доделување на инвалидски пензиi. Малверзациите со инвалидските пензии долго време ја тресат јавноста, а последниов период во медиумите се појавија голем број граѓани кои обвинуваат дека има многу неправилности при доделувањето на инвалидски пензии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

