Црна хроника
Продолжува акцијата „Фаланга“ за криумчарени артефакти
Продолжува полициската акција „Фаланга“ против незаконското присвојување на археолошки предмети и материјални добра кои претставуваат културно наследство на Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи
При претрес во домовите на две лица, пронајдени се и запленети бронзени делови од свечена погребна ритуална кочија, кои датираат од вториот век од новата Исто така, пронајдени се и предмети кои потекнуваат од Римскиот период и две икони за кои во тек е стручна идентификација за утврдување на потеклото и културно-историската вредност. Експертите објаснуваат дека, пронајдените предмети, се само дел од кочијата. Според сознанијата на полицијата останатите предмети биле продадени на илегалниот пазар со антиквитети надвор од земјава. Против лицата кај кои се пронајдени предметите, ќе биде поднесена кривична пријава. Полициската акција „Фаланга“ започна кон крајот на јуни, годинава. Во оваа акција беа приведени повеќе лица од неколку градови во земјава. Меѓу запленетите предмети имаше монети, статуи, украсен накит, керамика, старо оружје, а меѓу највредните предмети беа тетовската менада и крилестото коњче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

