Црна хроника
Претепан ученик на голем одмор во Средното текстилно училиште во Тетово
Неколку непознати лица со метален предмет и пиштол претепале ученик на големиот одмор во Средното текстилно училиште во Тетово.
Инцидентот се случил во четврток, околу 16 часот, пред угостителскиот објект спроти училиштето.
Според информациите на МВР, А.Х.(18) од Тетово бил нападнат од страна на неколку лица со метален предмет, а еден од нив со пиштол го удрил во пределот на главата.
Нападнатиот се здобил со тешка телесна повреда. Укажана му е лекарска помош во Клиничка болница во Тетово.
Од извршен разговор со него, тој посочил неколку лица како можни сторители.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбена менувачница во Битола
Вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 4 јануари до 08.00 часот на осми јануари, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на улицата „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола, и биле одземени пари во различни валути и апоени.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен „пасат“ во Катланово, нема повредени лица
Денеска во 00.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Катланово, скопско, настанал пожар во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Н.(48).
Од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Машко лице се самозадоволувало пред малолетнички во Скопско, полицијата го расчистува случајот
Вчера во 19.00 часот во СВР Скопје, 45-годишник од скопско село пријавил дека на 27.12.2024 околу 19.10 часот во друго скопско село, едно лице ги следело со возило и се самозадоволувало пред неговата малолетна ќерка и нејзина другарка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.