Црна хроника
Увозници на струја избегнале царина од 6,1 милиони евра
Четири трговски друштва увозници на електрична енергија во периодот од 2012-2012 година не царинеле увоз, со што ја оштетиле државата за 6,1 милиони евра.
Во рамки на контролите кои Царинска управа ги спровела минатите два месеца кај трговски друштва – трговци со електрична енергија, при што се вршела проверка и споредба на количините на оцаринетата електрична енергија во Македонија за период 2010-2012 година со податоците за количините на увезена, извезена и транзитирана електрична енергија, се утврдил уште еден случај на неправилности во работењето на трговско друштво – увозник на електрична енергија.
При спроведена контрола на трговското друштво, врз основа на потврдите за испорака на електрична енергија издавани на месечно ниво за 2010, 2011 и 2012 година утврдено е дека ова трговско друштво извршило увоз на вкупно 1.047.554 МWh електрична енергија.
При контрола во сметководствената и комерцијалната евиденција на трговското друштво утврдено е дека за дел од увезената електрична енергија, увозникот нема поднесено увозни царински декларации со што постапил спротивно на одредбите од Царинскиот закон, според кој е пропишано дека, царинскиот долг настанува со бесправно отстранување од царински надзор на стоката која подлежи на увозни давачки.
„Поточно, од увезените 1.047.554 МWh електрична енергија, констатирано е дека 417.511 МWh со вредност од 20.686.762евра, се бесправно отстранети од под царински надзор без да бидат платени давачки согласно закон. Со вакво постапување фирмата избегнала плаќање на давачки во вкупен износ од околу 262.6 милиони денари (4.3 милиони евра) од кои околу 229 милиони денари на име ДДВ и 33.6 милиони денари на име камата и компензаторна давачка. За утврдените неправилности донесени се решенија за дополнителна наплата на царински долг, а ќе биде поднесена и соодветна пријава“, информираат од Царина.
Во рамките на истата дополнителна контрола, претходно беа утврдени големи неправилности во работењето на три трговски друштва – увозници на електрична енергија од Скопје, за што беа донесени решенија за дополнителна наплата на царински долг во вкупен износ од околу 113 милиони денари (1.8 милиони евра).
Досега, за овие четири компании Царинската управа донесе решенија за наплата на давачки во вкупен износ од 375,6 милиони денари (6,1 милиони евра)./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
Скопјанка на возраст од 82 години била измамена за 170 илјади денари во уште една измама со лажна сообраќајка.
„На 06.12.2025 во 10:20 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и на оштетената и кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор. Како што е пријавено, таа излегла на улицата и ги дала парите на машко лице, но подоцна сфатила дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа, односно дека е измамена“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Притвор за неготинчанец кој со закани со нож принудил жена на полови дејствија, ја снимал и барал пари да не го објави видеото
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични дела – Полов напад и силување од член 186 и Уцена од член 259 од Кривичниот законик.
„Осомничениот 29-годишник, на 2 декември, заедно со неговата сопруга и уште една пријателка, излегле во ресторан во Скопје. Таму пиел алкохол и консумирал дрога, па бидејќи по вербална расправија неговата сопруга заминала сама, тој се понудил да ја врати дома пријателката. Но, наместо кон нејзиниот дом, цела ноќ ја возел на различни локации во Скопје, обидувајќи се да ја принуди на сексуални односи.
Жената не се согласувала, меѓутоа тој и се заканил дека ќе ја убие и ја присилил да влезе во апартман во Центар. Таму со физичка сила и закани со нож ја принудил на други полови дејствија, а целиот настан го снимал.
Додека биле во апартманот, се јавувал со видео повик кај сопругата и кај други лица и барал од нив да му донесат кокаин за да не ја убие оштетената.
Три дена подоцна, осомничениот и го пратил видео клипот со експлицитна содржина на оштетената со закани дека ќе го објави секаде ако не му даде 2.500 евра. Жртвата ги пријавила уцените, по што било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Откако ги презел парите од жената, осомничениот веднаш бил приведен“, соопштија од Обвинителството.
Оттаму додаваат дека „јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Притворот се бара имајќи предвид дека постои реална опасност од бегство, а осомничениот има отпуст од македонско државјанство и постојан престој и работа во Германија. Исто така, постои ризик осомничениот да го повтори делото кое претставува нарушување на јавниот ред, но и на половата слобода и половиот морал“.
Обвинителството информира дека судијата го прифатил предлогот и ја определил притворската мерка.
Црна хроника
Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото
Полицијата уапси 29 годишен неготинчанец откако скопјанка го пријавила дека ја присилил на полово дејствие, ја снимал, а потоа ѝ барал пари за да не го објави видеото.
„На 06.12.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино, постапувајќи по пријава од 41-годишна жена од Скопје дека на 02.12.2025 во стан на подрачјето на Центар ја присилил на полово дејствие, при што снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари за да не го објави видеото на социјални мрежи“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

