Црна хроника
Убиено 23-годишно момче по банална расправија

Дваесет итри-годишниот Алија Раметула, синоќа половина час пред полноќ е убиен поради банална расправија во скопското село Студеничани.
Расправијата започнала меѓу членови од едно семејство со друго лице, член на друго семејство.„Додека се разминувале на една од улиците во селото најпрво започнала расправија меѓу членовите на едното семејство со лице кое што било дел од друго семејство. Потоа следувала бркотница низ селото, лицето кое било бркано се засолнио во својата куќа“ изјави портпаролот на полицијата, Иво Котевски.Но нешто подоцна таму го нашле Раметула заедно со неговиот татко и брат.За време на тепачката во дворот на куќата, Раметула извадил пиштол. Еден од припадниците на спротивставениот табор му го одзел пиштолот и испукал два куршуми кон него. Момчето било пренесено во градската болница, каде што починало.Осомничениот е идентификуван, но се наоѓа во бегство. Полицијата трага по него
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.