Црна хроника
МВР:Убиениот полицаец не бил инволвиран во криминални активности
Министерството за внатрешни работи засега нема никакви индиции за инволвираност на убиениот полициски службеник во криминални активности, иако во јавноста се се погласни шпекулациите за поврзаноста на полицискиот службеник со „Франкфурт мафијата“
„Засега нема никакви индиции за инволвираност на убиениот полициски службеник во криминални активности. Случајот од страна на полицијата беше расчистен и осомничениот беше приведен“ изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.Истрагата треба да покаже што бара полицискиот службеник на иста маса со луѓе од подземјето.„Тоа ќе го каже истрагата и истражниот судија, министерството за внатрешни работи ниту има ингеренции, ниту има право да се меша во работата на истражниот судија и се разбира очекуваме дека во натамошната постапка што ја води истражниот судија ќе се утврдат точните мотиви и целта на напаѓачот. МВР веќе ги соопшти дел од мотивите кои во разговорите во полиција беа кажани од страна на осомничениот. Нема никакви индиции за криминални активности на убиениот полицаец“ додаде Котевски.Минатата недела во рибниот ресторан „Биг Фиш“ во скопската населба „Аеродром“ беа убиени Јордан Јорданов – Ркулот, Влатко Андреевски и Владо Милошев, вработен во шестата управа во МВР.Осомничен за убиството е Тони Денковски од Скопје. Нерасчистени должничко – доверителски односи меѓу Денковски и Јорданов од Велес, кој бил вмешан во познатиот случај „Франкфурт мафија“, МВР ги наведе како причина за тројното убиство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.