Црна хроника
Грчки државјани шверцувале зајачко крзно
МакедонијаСкопје 17.10.2012 (Макфакс) – Царинските службеници од граничниот премин Меџитлија со Грција спречија обид за криумчарење на зајачко крзно, вредно околу 100 илјади денари.
Во вторникот во раните утрински часови, на граничниот премин се пријавило празно товарно возило-комби, со грчки регистарски ознаки, управувано од грчки државјанин, во присуство на уште еден патник, исто така грчки државјанин. Патниците, изјавувајќи дека немаат ништо за пријавување за царинска контрола, приложиле и потврда за празно возило.
Царинските службеници извршиле детална контрола на возилото, при што во фабричка празнина, под подот на товарниот дел на возилото, биле пронајдени 24 парчиња крзно од питом зајак со димензии 120×60 сантиметри, завиткани во црни најлонски вреќи, делумно облепени со самолеплива лента.
Секое парче крзно било изработено од по девет зајачки кожи, што значи дека за изработка на пронајдената стока биле употребени вкупно 216 посебни парчиња зајачка кожа.
Стоката, со вкупна вредност од 103.565 денари, е со потекло од Грција, а била наменета за фирма со седиште во Битола.
Против прекршителот веднаш е поднесено барање за поведување прекршочна постапка, при што Комисијата за одлучување по царински прекршоци, во итна постапка, донесе решение за одземање на стоката, а на прекршителот му изрече глоба. /крај/ач/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

