Црна хроника
Жена се удави во Конска река кај Гевгелија

Жена на возраст на 59 години пронајдена е удавена во коритото на Конска река во атар на селото Моин, кај Гвгелија, соопшти во неделата МВР.
Станува збор за Б.М.(1956) од истото село, чие тело било пронајдено во саботата околу 11,00 часот.
Увид на лице место извршила екипа од Пплициската станица Гевгелија при што е констатирано дека се работи за несреќен случај.
Од екипа на ИМП констатирана е смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавното обвинителство телото на починатата е предадено на фамилијата за погреб.
Според непотврдени прелиминарни сознанија на гевгелиската полиција, станува збор за психички растроена личност која најверојатно извршила самоубиство.
Поради обилните врнежи, но и топењето на снегот на Кожув Планина, надојдените води во Конска Река во петокот го поплавија мостот на влезот во гевгелиското населено место Моин и предизвикаа прекин во сообраќајот. Во претпладневните часови, никој не можеше да влезе и да излезе од ова населено место. /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.