Црна хроника
Поднесени три кривични пријави за криумчарење цигари
Tри кривични пријави против осум физички и две правни лица, се поднесени од Царинската управа поради постење на основано сомнение дека сториле кривично дело криумчарење, соопштија од таму
„Во текот на 2006 година, преку граничниот премин Табановце, биле пропуштени 11 товарни моторни возила, натоварени со вкупно 14.792 пакети цигари со вредност од 110.419.188 денари, од фирми извозници од Копар, Република Словенија и Бар, Црна Гора, наменети за краен корисник од Македонија. Во соработка и со помош на двајца царински службеници, на возачите им било овозможено да ја избегнат царинската контрола и да ги внесат цигарите на територијата на Република Македонија, без да бидат евидентирани во царинскиот систем и без да биде започната царинска постапка“, се вели во соопштението. При пристигнувањето на возилата на граничниот премин Прешево во Србија, српските царински службеници изготвиле царински информативни листови на кои ставиле печат, факсимил и потпис, со што потврдиле дека цигарите ја напуштиле територијата на Србија и влегле во Македонија. Од Царинската управа информираат дека по едногодишна истрага се поднесуваат три кривични пријави против две правни лица, три физички лица како сопственици на правните лица, тројца возачи и двајца царински службеници, поради постење на основано сомнение дека сториле кривично дело криумчарење, при што биле избегнати царински и други давачки во вкупен износ од 329.533.407,00 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Струмичанец паднал од мопед и починал
Вчера во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од с.Габрово до с.Банско, К.Д.(63) од с.Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на мопедот.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица.
Црна хроника
Крадел пари од баба му и мајка му: под истрага малолетник од Пехчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе известување против малолетник од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 08.07.2025, пријавениот од паричникот на неговата баба одзел пари, а на 10 и 11.07.2025 од платежната картичка на неговата мајка од банкомат во два наврати подигнал парични средства.
Топ
МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница
МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски.
Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип, било пријавено дека на осуденикот К.Ѓ.(47) од Скопје на 31.10.2025 му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што на 01.11.2025 починал.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа.

