Европа
Француската крајна десница води пред локалните избори

Француската партија од крајната десница Национален фронт (FN) би требало да добие најмногу гласови во првиот круг од локалните избори коишто ќе се одржат кон крајот на март, покажаа резултатите од анкетата објавени во понеделникот, додека премиерот од владејачките социјалисти изрази стравување дека нејзината челничка Марин Лепен може да победи на претседателските избори во 2017-та.
Анкетата на агенцијата за истражување на јавното мнение Odox окажа дека Националниот фронт на Марин Лепен со својата програма против Европската унија и против доселеничките политики би добила 31 отсто од гласовите на првиот круг од локалните избори кој ќе се одржи на 22-ри март.
Со тоа Националниот фронт би избил на првото место, имајќи предвид дека владејачките социјалисти на актуелниот француски претседател Франсоа Оланд во оваа анкета добиваат 21 отсто од довербата на избирачите, а во моментов најголемата опозициска партија конзервативниот Сојуз за народно движење (UMP) на поранешниот претседател Николас Саркози е втор со 29 отсто поддршка.
Меѓутоа, малку е веројатно дека Националниот фронт би имал исто толку добар резултат на вториот круг кој ќе се одржи на 30-ти март, сметаат аналитичарите, бидејќи како на претходните делумни парламентарни и локални избори, веројатно е предавањето на гласовите меѓу конзервативците и социјалистите. Сепак, аналитичарите сметаат дека добриот резултат на првиот круг би го засилил влијанието на партијата од крајната десница.
„Стравувам за својата земја. Стравувам дека ќе се распадне на парчиња пред Националниот фронт“, изјави социјалистичкиот премиер Мануел Валс за радио Europe 1 во неделата.
Имено, многу политички аналитичари во Франција сметаат дека Марин Лепен, доколку продолжи да расте нејзината популарноста како досега, би можела да влезе во вториот круг од претседателските избори во 2017 година, но сепак дека и не би можела да го победи противкандидатот во вториот изборен круг./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин