Црна хроника
Велешанче се бори за живот по пад од 14 метри височина
Тринаесетгодишно девојче се бори за живот, откако утрово паднало од 14 метри височина, односно од четврти кат во зграда на улица „11 октомври“ во Велес, соопшти МВР
Девојчето паднало утрово околу 10.30 часот во меѓупросторот на скалите додека неговиот татко изведувал градежни работи во зградата. Девојчето згазнало на армирано стакло, изгубило рамнотежа и паднало.Од болницата во Велес е пренесено на клиничкиот центар во Скопје, поради тешките повреди на главата.Тринаесет годишно девојче од Велес е во критична здравствена состојба и се бори за живот во Ургентен центар во Скопје откако утрово паднало од светларникот на покривот на зградата во која што живеело, јавуа порталот Лисица.Тринаесет годишната Н. Трајковска сакајќи да му помогне на својот татко да постави црна хартија за изолација на покривот, за да спречат дождот да не им влегува во станот, се качила на покривот. Во еден момент кога му ја подала хартијата на татко и направила чекор назад и застанала на армираното стакло кое на зградата и служи како светларник. Од тежината, стаклото се скршило и девојчето паднало во просторот меѓу скалите во подрумите на зградата.Од падот девојчето се здобило со тешки повреди на главата и телото.Во бессознание и целото облеано во крв веднаш било пренесено во хируршкото одделение на велешката болница. „Девојчето е донесено во тешка состојба со повреди на два или повеќе органи од кој едниот го загрозува живототво моментот. Имаше скршеница на горната и долната вилица и беше во кома. По престанокот на работата на срцето и дишењето направивме ранимација. Ставене е тубус и добивме срцева реакција и дишење. Поради сериозноста на повредата ја пративме во Ургентен центар во Скопје. Повредата е многу сериозна и го загрозува животот на девојчето, рече др. Филип Тодоровски, хирург.Полициски инспектори извршија увид. Инаку, во истата зграда во кое денеска падна девојчето, пред неколку месеци во меѓупросторот од вториот кат падна и возрасен човек, станар во зградат, кој по неколку дена од повредите почина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

