Црна хроника
Кривични за сите учесници во заложничката драма во Битола
Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави за напад врз службено лице против тројцата учесници во заложничката драма што завчера се случуваше во Битола
Според МВР, нападот врз службено лице се случил кога полицијата влегла во станот на Ангелевски за да види што се случува и да ги приведе учесниците. Тројцата почнале да даваaт отпор, родителите почнале да фрлаат со предмети по полицајците, употребиле физичка сила, а синот почнал да замавнува со нож и виљушка.Освен синот, Сашо Ангелевски, во психијатриската болница во Демир Хисар се пренесени и родителите Марија и Борче. И на тројцата им е изречена мерка за задолжително психијатриско лекување.Полицијата завчера околу 21 часот успеа да ги извлече мајката и таткото на Сашо Ангeлeвски, кој по извлекувањето на неговите родители до последно остана на терасата од станот и одбиваше да се предаде.Во спасувањето на семејството беа вклучени и специјални единици од Скопје, противпожарни служби, преговарачи и екипи на итната медицинска помош.Се работи за семејство кое и претходно било проблематично. Според братот на Борче, Мито Ангелeвски, семејството било со нарушено психичко здравје, по тешка сообраќајка што им се случила пред десет години во САД.Полицијата не пронајде огнено оружје ниту во станот, ниту кај синот, Сашо Ангелeвски, кој вчера десет часа ги држеше во заложништво своите родители во семејниот стан на улица „Јосиф Христовски“ во комплексот „Грозд“.На вештачење е предаден само ножот, со кој Ангелeвски неколку часа на терасата на станот се закануваше дека ќе си го одземе животот, како и дека ќе посегне по животот на полицајците.„По претходно издадена судска наредба, во споменатиот стан е извршен претрес, а на приведените им е направена ,,парафинска ракавица,, заради утврдување на евентуално присуство на барутни честички, а за вештачење е предаден и нож пронајден во станот. СВР Битола по целосното документирање на настанот, материјалот ќе го предаде на ИС од ОС во Битола на натамошно постапување“ соопштија вчера од МВР.Завчера околу 12:30 часот, соседите од зградата телефонски го пријавија случајот. Тие тврдеа дека слушнале гласно викање, расправии, закани по животот, како и дека слушнале звуци кои биле идентични на истрели од оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.