Спорт
Големото срце на Агуеро – го остави „ренџ роверот“ на лотарија за вработените
Серхио Агуеро го напушти Манчестер сити и веќе е нов фудбалер на Барселона, но пред да замине во Каталонија тој успеа богато да ги награди вработените во својот поранешен клуб.
32-годишниот Аргентинец, кој останува рекордер на Сити со постигнати 260 гола во една деценија во северна Англија и, според „Атлетик“, пред да замине им купил на сите членови на клубот (повеќе од 60) скапи часовници „хублот“ или „таг хојер“ (со цена од 1.000 до 8.000 фунти), на кои имало куса убава порака: „Грасијас! Кун Агуеро“.
Покрај тоа, тој го оставил својот „ренџ ровер евок“ вреден 40.000 фунти да се додели со лотарија во клубот, кој го освоил човекот што ги подготвува дресовите на клубот.
Ова не е првпат да се зборува за дарежливоста на Агуеро – тој на крајот на сезоната секогаш бил тој што донирал најмногу кеш во делот што фудбалерите го собирале за придружниот тим на Сити.
Sergio Aguero bought every member of #ManCity‘s staff at the CFA building either a Hublot or Tag Heuer watch, each engraved with the words “Gracias! Kun Aguero”.
[via @SamLee] pic.twitter.com/7NMoqaxMet
— Man City Report (@cityreport_) June 1, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сенегал е шампион на Африка – Брахим Дијаз трагичар, Папе Геј херој
Сенегал ја освои титулата на Африканскиот куп на нации. Во финалето, кое долго ќе се прераскажува, Сенегал го победи домаќинот Мароко со 1:0, со голот на Папе Геј во 94.минута. Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, а го обележа пеналот што го промаши Брахим Дијаз во 90+23 минута од судиското надополнување.
Сенегал, по 2021 година повторно е шампион на Африка. Мароко ќе почека на втората титула, првата ја освои пред 50 години.
Натпреварот со многу интензитет, две добри шанси за Сенегал, во првото и исто толку за Марако, во второто полувреме, на крајот мина во сенка на она што се случуваше во судиското надополнување на времето.
Најпрвин главниот судија му поништи гол на Сенегал во 93.минута, а потоа во 97-та, по интервенција од ВАР собата, Мароко доби пенал.
Сенеглаците лути од одлуката, на повик на селекторот го напуштија теренот, но не сите. Најискусниот и најдобриот Садио Мане не го послуша селекторот. Ги повика соиграчите да се вратат…А откако се вратија, топката ја зеде Брахим Дијаз, се обиде со „паненка“, но ударот беше толку лош, што буквално му ја додаде топата на голманот Менди.
CHAOS AT AFCON🤯
Senegal have a goal disallowed in injury time.
Minutes later Morocco are awarded a penalty.
Senegal players walk off in protest😡Brahim Diaz decides this is the best moment for a Panenka😬
Senegal now lead 1-0 in extra-time
— Balls.ie (@ballsdotie) January 18, 2026
Казната за промашениот пенал стигна во четвртата минута од првото продолжение, кога играчот на Виљареал, Папе Геј, од 15 метри ја закова топката зад грбот на Бону.
Шампионскиот гол можете да го погледнете Овде.
Foto/ EPA
Спорт
Лазаров: Не знам дали можам да кажам што ми е на ум, морам да внимавам да не навредам некого
Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено 29:29 против Португалија во натпреварот од 2. коло од Групата Б на Европското првенство, освојувајќи бод во драматична завршница.
Македонија го освои првиот бод на ЕП и ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Во вторник, во последното коло во групата, Македонија ќе ира против Романија, а Португалија за пртивник ќе ја има Данска.
„Не знам дали можам да кажам што ми е на ум бидејќи морам да внимавам да не навредам некого. Ние сме мала земја и сме многу деградирани! Не барам алиби, но самите видовте што се случува. Ќе ни биде многу тешко да се справуваме со вакви работи во иднина. Јавноста не нè сака, не нè поддржува, но тоа е она што ме движи во оваа работа“, рече селекторот Кирил Лазаров.
Потоа им честиташе на своите играчи за она што го покажаа против полуфиналистите на претходното Светско првенство.
„Од срце им честитам на моите играчи за она што го покажаа против полуфиналистите од претходното првенство. Во првото полувреме загубивме многу играчи, сите наши концепти се распаднаа и се создаде хаос. Се обидовме да го средиме тоа за време на паузата и некако најдовме доботна формула“, заклучи Лазаров.
Foto/ EPA
Спорт
Херојска борба во Хернинг – Македонија ремизираше со Португалија
Македонија одигра нерешено со Португалија 29:29 (13:15), во второто коло на Европското првенство во ракомет.
Македонија, предводена од капитенот Филип Кузмановски, ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Покрај капитенот, херој е и голманот Томовски кој одбрани два зицери во 20 секунди, кога Португалците напаѓаа за победа.
Жестока борба водеа Македонија и Португалија во текот на целиот натпревар, во арената во Хернинг.
Водеше Македонија на стартот со 4:2, Португалија се врати во мечот и се до финишот на полувремето се играше реиси гол за гол.
Финишот на првиот и почетните четири минути од второот полувреме беа лоши за Македонија. Во тој период Португалците постигнаа пет гола.
До крајот на мечот Македонија ја бркаше предноста на ривалот, а на четири минути до крајот резултатот беше 26:26. Во реостанатото време двата тима постигнаа по три гола, штета што избраниците на Кире Лазаров не добија шанса да имаат напад за победа.
Кузмановски го предводеше македонскиот тим со 15 голови, на споритвнат страна се истакна Кико Кошта со 11.
Во последното коло, во вторник, Македонија ќе игра против Романија, а Португалија против Данска.
Foto/ EPA

