Црна хроника
МВР приведе полицаец наркоман

Полицаец е приведен откако е фатен како користи наркотични средства, соопшти Министерството за внатрешни работи
Полицаецот од подрачната полицска станица во селото Гошинце, во моментите додека бил приведуван бил во придруѓба на уште едно лице во цивил. Анализата на крвата покажала дека полицаецот пред приведувањето користел хероин, морфин кодеин и други опојни средства. Тој бил следен по пријави и поплаки за неговото работење и однесување на работното место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Млад возач удри пешак во Скопје, во болница е со тешки повреди

На улицата Благоја Стефковски во Скопје, синоќа околу 21 часот се случи сообраќајна несреќа, пришто прегазен е 54-годишен пешак.
Според информацијата од МВР, во пешакот удрил автомобил, управуван од Б.И.(24) од селото Грчец, скопско.
Пешакот е тешко повреден и пренесен во Градската болница „8 Септември“.
Извршен е увид на местото на несреќата.
Црна хроника
Браќа нападнати од група во Гази Баба, оштетен и семејниот автомобил на момчињата

Мајка пријавила дека вчера околу 18.00 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзините синови на возраст од 22 и 16 години биле физички нападнати од неколку лица.
Тие употребиле и метален предмет со кој го оштетиле нивното возило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка нападната од сопругот со кој се разведува

Четириесет и двегодишна скопјанка од Драчево синоќа била нападната од нејзиниот сопруг во семејниот дом.
Од МВР велат дека двојката е во бракораводна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.