Црна хроника
Режисер од Тетово обвинет за сексуално вознемирување на девојчиња
Две девојки на возраст од 16 и 17 години биле жртви на обид за полов напад извршен од режисер вработен во Културниот дом во Тетово, дознава „ТВКисс” од тетовската полиција.
Имено, на 16 април, околу 10.30 часот во една канцеларија во културниот дом „Иљо Антески Смок”- Тетово, 55-годишниот тетовец ги повикал, а потоа ги понудил со кафе девојчињата по што почнал да разговара со нив околу сексуалните потреби и начин на изведување.
Откако не успеал да направи ништо со едното девојче се обидел со другарката кај која исто така наишол на отпор.
По ова, девојчињата се јавиле на своите родители и заедно со нив случајот го пријавиле во полициската станица Тетово.
Тетовецот кој се обидел да го изврши половиот напад е приведен и задржан./крај/твкис/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инспектор од Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во полициска станица
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

