Спорт
ГРУПА Б: Последна шанса за „златната генерација“ на „црвените ѓаволи“
БЕЛГИЈА
Кој би се обложил на Белгија? Многумина, ако се погледне неверојатниот индивидуален талент на белгиските фудбалери, кои се клучни во своите тимови во најсилните европски клубови. Таканаречената „златна генерација“ успеа да стигне до бронза на СП во Русија пред три години, но дали ова е годината за голем успех?
Тимот на Роберто Мартинез долго време функционира совршено, со 40:3 гол-разлика и 10 победи во 10 меча во квалификациите. Неговиот 3-4-3 систем е добро истестиран, а најголема мака му претставува подготвеноста на Кевин де Брујне и Еден Азар.
Голмани: Куртоа (Реал Мадрид), Мињоле (Бриж), Селц (Стразбур)
Одбрана: Алдервајрелд (Тотенхем), Бојата (Херта), Денаер (Лион), Вермален (Кобе), Вертонген (Бенфика).
Среден ред: Кастањ (Лестер), Шадли (Башакшехир), Караско (Атлетико М), Де Брујне (Манчестер сити), Дендокер (Вулверхемптон), Т.Азар (Дортмунд), Муние (Дортмунд), Прет (Лестер), Тилеманс (Лестер), Ванакен (Бриж), Вицел (Дортмунд)
Напад: Батшуаи (Кристал палас), Бентеке (Кристал палас), Доку (Рен), Е.Азар (Реал Мадрид), Лукаку (Интер), Мертенс (Наполи), Тросар (Брајтон)
ДАНСКА
Данците пред шампионатот влегуваат со огромна самодоверба, откако во првите три меча во квалификациите за СП имаа 14:0 скор и победи над Израел, Молдавија и Австрија, но големото натпреварување ќе биде вистински тест.
Каспер Шмајхел има силна одбрана пред него со Андреас Кристенсен, додека во нападот и средниот ред ги имаат Пјер-Емил Хојбјерг и Кристијан Ериксен. Пласман во втората рунда би бил сметан како успех.
Голмани: Шмајхел (Лестер), Лесл (Митјиланд), Ронов (Шалке)
Одбрана: Ј.Ларсен (Удинезе), Кјер (Милан), Кристенсен (Челси), Андерсен (Фулам), Вас (Валенсија), Јоргенсен (Копенхаген), Меле (Аталанта), Вестергард (Саутемптон), Боилесен (Копенхаген)
Среден ред: М.Јенсен (Брентфорд), Норгард (Брентфорд), Хојбјерг (Тотенхем), Дилејни (Дортмунд), Кристијансен (Малме), Ериксен (Интер), Дамсгард (Сампдорија), Сков (Хофенхајм)
Напад: Брејтвајт (Барселона), Корнелиус (Парма), Сков Олсен (Болоња), Поулсен (Лајпциг), Долберг (Ница), Винд (Копенхаген)

РУСИЈА
По одличниот успех и пласманот во четврт-финалето на Светското првенство пред три години, Русија овојпат би била задоволна само со влез во втората рунда. Селекторот Станислав Черчесов се обиде да го обнови тимот, со пензионирањето на Игор Афинеев и Сергеј Игнашевич, но останува впечатокот дека одбраната, со Игор Дивеев и Роман Евегениев е главниот проблем.
Сепак, мечевите на домашен терен и секогаш непредвидливата руска мотивација, значи дека е тешко да се прогнозира пласманот.
Голмани: Дјупин (Рубин), Сафонов (Краснодар), Шунин (Динамо Москва)
Одбрана: Џикија (Спартак Москва), Дивеев (ЦСКА Москва), Жирков (Зенит), Караваев (Зенит), Кудрјашов (Анталија), Семенов (Ахмат), Марио Фернандеш (ЦСКА Москва)
Среден ред: Баринов (Локомотив Москва), Жемалтединов (Локомотив Москва), Мухин (ЦСКА Москва), Головин (Монако), Фомин (Динамо Москва), Зобнин (Спартак Москва), Јонов (Краснодар), Кузјаев (Зенит), Мостовој (Зенит), Оздоев (Зенит), Макаров (Рубин), Миранчук (Аталанта), Черишев (Валенсија)
Напад: Ѕјуба (Зенит), Заболотниј (ЦСКА Москва), Соболев (Спартак Москва)
ФИНСКА
Заедно со македонската репрезентација, единствен дебитант на ЕУРО 2020, Финците првпат играат на големо натпреварување, неверојатен успех ако се смета дека во квалификациите за ЕП во 2016 не успеаја да стигнат ниту една победа.
По година во која имаа 2 ремија и 9 порази, тие го поставија поранешниот учител, 57-годишниот Марку Каневра, и сега се меѓу европската елита. Секој поен, секако, ќе биде историски успех за Финците, исто како и за македонската репрезентација.
Голмани: Храдецки (Леверкузен), Јоронен (Бреша), Јакола (Бристол)
Одбрана: Арајури (Пафос), О’Шонеси (ХЈК), Тоивио (Хакен), Л.Ваисанен (Елфсборг), С.Ваисанен (Киево), Иванов (Варта), Уронен (Генк), Алхо (МТК), Раитала (Минесота Јунајтед), Соири (Есбјерг)
Среден ред: Камара (Ренџерс), Тејлор (Бран), Лод (Минесота Јунајтед), Кауко (Есбјерг), Валакари (Пафос), Шулер (Ѓургарден), Лам (Цволе), Спарв (Лариса), Јенсен (Аугзбург), Лапалаинен (Монтреал)
Напад: Похјанпало (Унион Берлин), Форс (Брентфорд), Пуки (Норич)
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1685-26542”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Не е среќен во Челзи – Палмер сака да се врати во Манчестер
Ѕвездата на Челзи, Кол Палмер, наводно копнее да се врати во својот роден град и би бил отворен за летен трансфер во Манчестер Јунајтед, клубот за кој наводно навивал како дете.
Во 2023 година, Палмер го напушти Манчестер Сити и се пресели во Лондон, каде што стана клучен играч за Челзи, но се чини дека не е целосно задоволен од животот во главниот град и со задоволство би ја прифатил можноста да се врати на северот од Англија, пишува „Goal.com“.
Откако пристигна од Сити пред две и пол години, Палмер постигна 41 гол и додаде 19 асистенции за „сините“. Поради ова, англискиот репрезентативец стана практично „недопирлив“ во Челзи и само екстремно висока понуда би го натерала лондонскиот клуб да размисли за продажба. Според „Трансфермаркт“, Палмер вреди 120 милиони евра.
Англиските медиуми пишуваат дека 23-годишникот е носталгичен и би ја прифатил шансата да се приклучи на Јунајтед.
Палмер се бори и со проблематична повреда на препоните, што го ограничи на само 12 лигашки настапи оваа сезона. Тој го пропушти и неделниот натпревар во кој Челзи го победи Кристал Палас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Свитолина за 59 минути ја победи Гоф
Украинската тенисерка Елина Свитолина ја декласира Коко Гоф и се пласира во првото полуфинале на Австралија Опен во својата кариера.
Свитолина неочекувано лесно ја победи Гоф со 6:1, 6:2, за само 59 минути игра.
Искусната Украинка леташе по теренот, „пукаше“ винери од сите оружја, додека Гоф одеше од грешка во грешка и во ниту еден момент не изгледаше како трета тенисерка во светот.
Во првиот сет, Американката ги загуби сите четири сервис гејма, а на крајот од мечот имаше неверојатно лоша статистика.
Направи три винери и 26 неизнудени грешки.
Ова беше десетта победа по ред на Свитолина во 2026 година, а од почетокот на сезоната изгуби само еден сет.
Нејзината противничка во полуфиналето исто така има резултат од 10-0, но таа не изгубила ниту еден сет. Тоа е Арина Сабаленка, и тоа ќе биде нивниот седми дуел – Белорусинката моментално води со 5-1. Овој дуел на програмата е во четврток од 9.30 часот по македонско време.
Foto/ depositphotos
Спорт
ПСЖ го официјализира трансферот на Дро Фернандез
Барселона остана без еден од своите најголеми таленти, Дро Фернандез, кој потпиша за ПСЖ. Парижаните ќе платат 8,2 милиони евра за неговите услуги.
Неговото целосно име е Педро Фернандез Сармиенто, а неговата мајка е од Филипините. Роден во Галиција, недалеку од португалската граница. Дро Фернандез се приклучи на Барселона од ЕД Вал Мињор Нигран и брзо напредуваше во младинските категории. За само три години, тој премина од тимот до 15 години во првиот тим.
Пред оваа сезона, Фернандез требаше да игра за Барса Атлетик, вториот тим на клубот што се натпреварува во четвртата дивизија.
Сепак, тој ги надмина сите очекувања за време на предсезоната, а тренерот Ханси Флик редовно го вклучуваше во првиот тим секогаш кога беше во форма. Иако одигра само неколку натпревари, Флик немаше дилеми да му даде шанса на 17-годишникот дури и во важни натпревари.
Оваа сезона, тој го имаше своето деби во стартниот состав против Реал Сосиедад, а еден месец подоцна го имаше и својот прв настап во Лигата на шампионите.
Bienvenue Dro Fernández ! ✍️❤️💙 pic.twitter.com/3GWe8Ufswr
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) January 26, 2026
И покрај ова, неговата иднина не е на „Камп Ноу“, бидејќи ПСЖ го договори неговиот трансфер. Моменталната пазарна вредност на Фернандез се проценува на 10 милиони евра.

