Македонија
Во ковид-центрите во Македонија се лекуваат 96 пациенти, во Скопје 30

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците во земјава е 96 и има околу 460 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Оттаму потсетуваат дека поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 66 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во Скопје е хоспитализиран еден нов пациент, а се лекуваат 30 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19.
„Во болницата во Битола хоспитализирани се 3 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип хоспитализирани се 6 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 2 болни, а во Куманово 15 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид-центарот во Охрид хоспитализирани се 8 пациенти, во Прилеп – 5, во ковид-центарот во Гостивар – 8, а во Струга – 3 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кичево – 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани лица позитивни и суспектни на коронавирусот“, се наведува во извештајот.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зелен хуман град почнува со собирање потписи за основање партија

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град почнува процес на собирање 1.000 потписи за да основа партија.
„Драги луѓе, Зелен хуман град ја формира првата партија во Македонија која во срцето на својата политичка агенда ги позиционира социјалната правда, заштитата на животните и животната средина. ЗХГ е воедно и првата партија во историјата на Македонија што ја основаат долгогодишни волонтери, а не спонзори. Ја основаат луѓе што со години во континуитет ги вложуваат своето знаење, време, енергија, како и финансии, за да создадат здраво и функционално општество за сите – и за луѓето и за животните. Иако сме принудени да ја основаме партијата само за да имаме право да се кандидираме на избори – нашето делување останува идентично како и до сега – хоризонтално, со директна демократија и активизам, отворено за секој што ги дели нашите вредности“, велат од иницијативата.
Од таму велат дека втора изборна година по ред ја отвараат вратата на секој што смета дека има доволно знаење и ентузијазам да се придружи на нивната листа за Совет на Град Скопје.
Во изминатите 4 години, велат од таму, како дел од Советот на Град Скопје со само 2 од 45 советника успеавме да постигнеме неколку преседани.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 74 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.07. до 02.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
Бизнисменот Душко Чифлиганец загина во несреќа со мотор

Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец загина на 32-годишна возраст во несреќа со мотор во Брно, Чешка.
Тој е син на познатиот стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец и беше заменик-претседател на „Адора бизнис-групацијата“.
Чифлиганец беше љубител на спортскиот мотоциклизам.