Црна хроника
Работник тешко повреден на градилиште
Дваесет и шестгодишен работник од Скопје е тешко повреден во несреќен случај во кривопаланечкото село Б’с, соопшти полицијата
Настанот се случил вчера, кога А.С. од Скопје, вработен во градежната фирма „Адра“ ДООЕЛ од Скопје, при вршење на градежни работи за асфалтирање на локалниот пат бил зафатен од ваљакот со кој работел.Тој, кога застанал во непосредна близина на друга машина, без да ја крене рачната сопирачка се упатил кон другата машина. Во еден момент забележал дека ваљакот се движи кон него, при што тргнал кон него и се обидел да го запре, но во тој момент една од шините на предниот барабан му го зафатила палтото, го повлекла и го притиснала меѓу барабаните, по што ваљакот запрел кога удрил во машината пред него. По настанот А.С. е пренесен и задржан на лекување во Ургентен центар-Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три скопјанки нападнати од нивните сопрузи во домовите и на автобуска постојка
Полицијата информираше за три случаи на семејно насилство што се случиле во едно деноноќие на територијата на Скопје.
Се работи за жени на возраст од 30, 31 и 42 години, кои биле жртви на семејно насилство во своите домови и на автобуска постојка.
Во првиот случај, 30-годишна жена пријавила дека на 21 ноември околу 02.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.С.(41).
Истиот ден во 15 часот, 42-годишна жена во семејниот дом во скопско село, била физички нападната од нејзиниот сопруг Г.Т.(47). Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во третиот случај, 31-годишна жена, пријавила дека на автобуската постојка во скопско село била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.З.(33), со кој одреден период биле разделени, а при нападот и го скршил и мобилниот телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.
Топ
Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар
Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар.
Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го поседувал без дозвола, пукал кон муштерија кој дошол во неговата продавница за автомобилски делови за да го поправи возилото.
Се’ почнало со расправија меѓу нив, по што муштеријата го турнал механичарот кон возилото со цел да го натера да му го поправи. Но, инцидентот допрва почнал. Мајсторот револтиран влегол во куќата. Го зел пиштолот и испукал проектил кон оштетениот. Не го погодил, а куршумот завршил во вратата на возилото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Тој се товари за убиство во обид, како и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
Топ
Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице
Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице.
Според информациите од МВР, околу во 14.50 часот, во угостителски објект, од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил С.А..
„На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош“, информираат од МВР, од кадешто додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.