Контакт

Региони

Протест заради загадениот воздух пред Влада во понеделник

Објавено пред

Под мотото „Не се дише. Излези за воздух!“, граѓаните на Скопје, Битола, Тетово и другите загадени градови во Македонија се здружија преку дваесетина граѓански иницијативи и организации за да изразат протест и да побараат од надлежните институции, Владата и општините да преземат итни, краткорочни и среднорочни мерки за спас од загадувањето на воздухот.

dobivaj vesti na viber

„Граѓаните нема веќе да толерираат неодговорно однесување кон загадувањето кое предизвикува болести и смрт и порачуваат дека веќе не се дише и дека загаденоста на воздухот е на ниво на елементарна непогода“, велат од граѓанските здруженија.Централен протест преку кој барањата ќе бидат испорачани до институциите е закажан за понеделник, 28 декември, во 17 часот пред Владата на Република Македонија.Македонија има најзагаден воздух во Европа – ова го потенцираше Светска банка во извештајот за зелен раст на Македонија. Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух со честички постини од 10 микрометри (ПМ10). Според извештајот на Светска банка, цврстите честички се одговорни за 1.350 смртни случаи годишно во Македонија.ПМ10 претставуваат мали честички со дијаметар од 10 микрони кои лесно навлегуваат во белите дробови и содржат метали и прашина од индустријата и патиштата, како и честички создадени при согорување. Главни причинители на загадувањето на воздухот во Скопје, Битола, Тетовo и други општини сe сообраќајот, малите и големи индустриски капацитети, градежните зафати и домаќинствата.Здружените иницијативи, организации и граѓани бараат конкретни итни мерки кои надлежните институции, но посочуваат и системски, среднорочни и/или долгорочни решенија кои треба да се преземат со цел намалување на загадувањето на воздухот.Барање за спроведување итни мерки во рок од 24 часа од надминување на дневните гранични вредности на загадување за секторот сообраќај да се изработи план за режим на сообраќај и намалување на цената на јавниот сообраќај во деновите со алармантно зголемени концентрации на загадувачки материи;Планот да вклучува забрана за движење на возила со понизок стандард од ЕУРО 4, како и возила на дизел; во поширокото централно градско подрачје да не се движат патнички возила, а сообраќајот да се одвива само преку движење на јавниот превоз (автобуси и велосипеди) додека трае алармантната состојба од 24 часа надминување на загадувачките материи. За секторот индустрија да се воведе привремена забрана за работа на индустријата (со А и Б интегрирани дозволи) и воведување времен прекин во деновите со зголемено загадување како и целосна транспарентност во известувањето до граѓаните за надзорот;За градежништвото предлагатзадолжителна примена за мерките за заштита од емисии на прашина за сите објекти; привремена забрана на градежните зафати кои емитуваат прашина на територија на градот, во денови со зголемено загадување.Се предлагаат засилена и зачестена инспекција (вклучително и ноќна инспекција) во индустрискиот сектор, согорувањето на отпадни материи, како и во градежниот сектор.Бараат промовирање на велосипедскиот транспорт и пешачењето, воведување на нови автобуски линии и субвенции за електрични такси возила, како и примена на принципот „загадувачот плаќа“ за возилата кои емитуваат над дозволените вредности.Во однос на урбаното зеленило, среднорочните мерки се однесуваат на максимално зачувување на постоечките зелени површини; стимулирање на посадување на нови зелени површини;  донесување на Закон за заштита и унапредување на зеленилото.За енергетската ефикасност предлагаат да се даде приоритет на мерките за подобрување на енергетската ефикасност, субвенционирање на топлинските пумпи за домаќинствата со цел да се намали трошењето на електрична енергија и огревно дрво за загревање на домовите.Во однос на обновливите извори на енергија, среднорочните и долгорочни мерки треба да бидат во насока на  овозможување на децентрализирано производство на електрична енергија во домаќинствата (на пример, кровни соларни панели за производство на електрична енергија, покрај веќе субвенционираните панели за топла вода); итно донесување национална определба за елиминирање на фосилните горива до 2050 година./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) „Во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут, СДС и Каја губат во првиот круг“, вели Манасиевски

„СДС И Каја Шукова губат во прв круг, во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут. Кој...

Македонија2 часа

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже – „гласав за банките, а не за народот”

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, повторно, по трет пат ќе ги поднесе измените...

Топ3 часа

Две скопјанки се истепаа во автокамп на Охридското Езеро, подоцна се вклучило уште едно лице

Вчера во 20:54 часот, во авто-камп лоциран на Охридското езеро, 31-годишната К.Д. физички ја нападнала 45-годишната Е.Р.А., двете од Скопје...

Топ3 часа

Маж од Србија пронајден мртов на охридското крајбрежје

Вчера во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато...

Економија3 часа

Пониски цени на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија6 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова го прогласи отворен Летниот европски младински олимписки фестивал

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчеравечер го прогласи за отворен Летниот европски младински олимписки фестивал и рече дека организацијата на...

Свет7 часа

Односот меѓу Трамп и Путин се менуваше во текот на годините, сега се чека конечен резултат

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна му даде на Владимир Путин 50 дена да постигне мировен договор и најави драстични трговски...

Свет8 часа

(Видео) Кина почнува со изградба на најголемата хидроелектрана во светот, Индија и Бангладеш загрижени

Кинескиот премиер Ли Чијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрична брана во светот, која се наоѓа на источниот...

Европа8 часа

(Видео) Ноќен напад врз Киев: најмалку едно лице загина, чад влезе во подземно засолниште

Најмалку едно лице загина, а две други беа повредени во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Киев...

Македонија9 часа

Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка – реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на...

Македонија9 часа

(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино. Поради разгорување...

Македонија9 часа

Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда

До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски – со партиска милиција под своја контрола

Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон, рече...

Економија1 ден

(Видео) Мицевски: Обезбедени се средства од двата повици на Владата за Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите општини и сите граѓани

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од Крива Паланка изјави дека преку двата повици на Владата, за...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: СДС во октомври ги очекува дебакл

СДС ги очекува невиден дебакл во Скопје. Изборите ќе ги изгубат во октомври, како што 1 + 1 = 2....

Економија1 ден

(Видео) Димковски: Со 10 денари за откуп на пченица ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

Се случува хаос во земјоделието, земјоделците се оставени сами на себе едвај да преживуваат во тешки услови, кажа денеска на...

Топ1 ден

Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје, само му излезе во пресрет на Филипче, граѓаните знаат дека од СДС нема фајде

СДС и Венко Филипче со секоја нова тура на кандидати за градоначалници докажуваат дека само верно ги спроведуваат желбите на...

Свет1 ден

(Фото+видео) Тајфунот Вифа го парализира Хонг Конг – издадено највисоко предупредување, откажани над 200 летови

Хонг Конг издаде највисоко предупредување за бура – сигнал број 10 – додека тајфунот Вифа ги погоди јужните делови на...