Региони
Захариев: Жолтицата во Штип не е предизвикана од водата
Жолтицата не е предизвикана од градскиот водовод кој има беспрекорно чиста вода, тврди градоначалникот на Штип Илчо Захариев. Тој додава дека при прогласувањето на епидемија, Центарот за јавно здравје не ја консултирал локалната самоуправа.
„Општина Штип нема надлежност при прогласување на епидемија, но добро би било да бидеме консултирани. Ние сè уште немаме добиено известување дека е прогласена епидемија од Центарот за јавно здравје во Штип. Јас имам допис за состојбата со бројот на заболени од жолтица од пред неколку дена и веднаш по добивањето на истиот дадов насоки до ЈП „Исар“ и до училиштата и градинките како да се постапи“, изјави Захариев за „1.мк“.
Тој напомена дека водата во Штип се контролира редовно и дека на сите мерни места покажува дека Штип пие високо-квалитетна вода. На негово барање, се контролираат и селските чешми и само една во селото Пиперово покажала неисправност. Веднаш биле презедени мерки за решавање на проблемот. Водата од селските чешми се контролира на секои 15 дена.
Директорот на ЈП Исар Ангел Бојаџиев вели дека само во месец јули се земени 400 мостри од водата и сите покажуваат бактериолошка и хемиска исправност.
„Дури испративме мостри и во Скопје, за да бидеме сигурни и од таму ни потврдија дека водата за пиење во Штип е со висок квалитет. Што се однесува до хигиената во градот, одговорно тврдам дека отпадот редовно се празни, улиците редовно се мијат и сме подготвени согласно сите стандарди “, изјави Бојаџиев за „1.мк“.
Според Захариев, хепатитот или жолтицата е болест на валканите раце и тука личната хигиена е неприкосновена и најважна. Граѓаните на Штип треба да знаат дека жолтицата не е предизвикана од градскиот водовод кој има беспрекорно чиста вода.
Според него, жалосно е што во 21 век се уште има населби во Штип кои немаат канализациона мрежа и не се приклучени на градскиот водовод.
„Направивме канализација во Балканска и Чардаклија, а во Македонка веќе е избрана фирмата понудувач и наскоро влегуваме таму. По завршување на овие зафати, ќе следи и приклучување на овие населби на градскиот водовод за што веќе се прават проекти. Моја намера е во 2015 да се решат овие деценикси проблеми. Некои од овие населби 70 години не се приклучени на водоводот. Во Караорман дури лани, по 35-40 години обезбедивме приклучување и здрава вода за пиење. Мора да кажам дека во овие населби, ниедно раководство во изминатиот период не направило ништо. Со децении, а можеле многу да направат бидејќи имале историска шанса“, вели тој.
Захариев напомена дека во Штип ќе се гради соодветна пречистителна станица со што ќе се решат ваквите проблеми а најави и интервенција на колекторот кој во еден дел мора да биде обновен за да нема проблеми.
Според градоначалникот, одлуката да се прогласи епидемија со 24 заболени е дискутабилна, и ја остава на ЈЗО-Штип, иако кажа дека треба да се внимава. Во врска со коментарите зошто иако новинарите го прашувале на 19 декември за можната епидемија тамошниот директор, а тој не кажал ништо, за по три дена да го потврди тоа, Захариев ги упати на негова адреса.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.