Спорт
Навивачите на Евертон пред домот на Бенитез: Знаеме каде живееш, не потпишувај!
Навивачите на Евертон го предупредија Рафаел Бенитез дека „знаат каде живее“, откако се верува дека поранешниот менаџер на Ливерпул наскоро ќе биде промовиран во нов менаџер на „карамелите“.
Фановите на „црвените“ уште гледаат со позитива кон Бенитез, кој шест години беше тренер на Ливерпул, а во 2005 година им ја донесе титулата од Лигата на шампионите со славниот триумф над Милан во Истанбул.
И покрај оваа врска, претседателот на Евертон, Фархад Мошири е сигурен дека шпанскиот тренер е најдоброто решение за тимот по заминувањето на Карло Анчелоти, влегувајќи директно во конфликт со навивачите.
Тие веќе поставија неколку банери пред „Гудисон парк“, но овојпат се помина линијата со банер со порака: „Знаеме каде живееш. Не потпишувај“ во близината на семејниот дом на Бенитез во Ливерпул, каде што живее со сопругата Марија и ќерките Клаудија и Агата.
This banner is online. It has been posted not far from where Rafa Benitez lives with his wife and his daughters. It’s sinister, it’s reprehensible and the people responsible for it should be ashamed. They are a disgrace. pic.twitter.com/6prhZt16vX
— Dominic King (@DominicKing_DM) June 28, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

