Црна хроника
Се проценува штетата од кражбата на накитот во Кан
Вредноста на накитот кој во неделата околу пладне беше украден од хотелот „Carlton“ во Кан на францискиот Азурен брег, засега се проценува на „повеќе милиони евра“, а првичната процена од 40 милиони евра „не е сигурна“ во оваа фаза, изјавија во неделата навечер извори од државното обвинителство.
„Процената од 40 милиони евра не е потврдена, изнесена е на самиот почеток од истрагата меѓутоа штетата во моментов се пресметува. Тоа е привремена процена, таа не е сигурна“, изјавиле од државното обвинителство во Грасе за AFP.
Според истиот извор сторителот на кражбата којашто се случи на изложба на накит во едно од крилата на хотелот, бил вооружен со автоматски пиштол, лицето му било прекриено со шал или марама и имал кацига. Побегнал со повеќе вреќички со накит и часовници опточени со дијаманти.
Кражбата се одигра во 11.30 часот по локално време во присуство на повеќе лица, меѓу кои и припадници на обезбедувањето.
„Се` се одиграло многу брзо и без насилство“, истакнуваат од обвинителството, одбивајќи да дадат повеќе информации.
Според репортерот на американската телевизиска мрежа ABC News кој се повикува на неименуван полициски службеник во Кан, разбојникот бил вооружен со „колт 0,45“. Додал и дека се` уште не се знае дали крадецот имал соучесници, како и дека претстои суптилна и обемна истрага. Телевизијата се држи до првичната процена на ограбените скапоцености од над 40 милиони евра.
Станува збор за накит на „Leviev diamond house“ од Лондон сопственост на руско-израелскиот милијардер Лев Левиев, донесен во хотелот за изложбата во салонот „La Cote“ која требало да трае до август.
Ова е трет ваков грабеж во одморалиштата на француската ривиера во последните три месеца. Во мај годинава во текот на одржувањето на последното издание на Филмскиот фестивал во Кан, беше украден брилјантски ѓердан од брендот „Chopard“ на швајцарската компанија „De Grisogono“ во вредност од 1,92 милиони евра беше украден од хотелот „Novotel“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

