Црна хроника
Разбиена албанско-холандска нарко банда

Италијанската полиција соопшти дека открила и разбила една од најопасните нарко банди во Европа.
Станува збор за албанско-холандска нарко банда која оперирала со големи количини на дрога од типот марихуана, пренесувајќи од Албанија во Холандија и некои други западно европски земји. Но дрога кон Холандија била пренесувана и од други земји од светот.
Истиот извор наведува дека во акцијата уапсени се 36 лица од кои најголемиот број се албански државјани, а бандата била раководена од албанските државјани, браќата Едмонд и Герти Марку.
Операцијата на италијанската полиција била реализирана во Фиренца и притоа биле запленети околу два тона марихуана, 16 килограми кокаин и други дроги.
Полицијата истакнува дека станува збор за една од најголемите нарко банди во Европа, која делувала од 2010 година./крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.