Црна хроника
Петчлена група осомничена за милионска царинска измама
Вкупно пет лица од Скопје и Тетово се осомничени дека во периодот од 2007 до 2009-та година преку избегнување на царина и Данок на додадена вредност, буџетот го оштетиле за 57.771.038 денари (над 1.200.000 американски долари), информираат од Царинската управа
Петте лица се осомничени дека во посочениот период преку две фирми од Скопје и Тетово, направиле увоз на кондиторски производи од Турција и пријавиле вредност на стоката од 1.784.214 долари, наспроти реалната вредност од 4.705.214 долари.Директорот на управата, Ванчо Каргов и министерот за финансии, Зоран Ставрески информираат дека, иако има елементи дека делото е организирано, сепак нема индиции дека има некаква поврзаност со случајот „Пајажина“.„Овој случај не е поврзан со случајот “Пајажина“. Според досегашни сознанија што ги имаме, нема никакво поврзување со случајот “Пајажина“, изјави директорот Каргов.„Случајот сам за себе е помала пајажина. Има прилично елементи кои што укажуваат на тоа дека е организирано делото и дека е направено во соработка во различни делови на различни луѓе коишто биле вклучени во тој процес. Ќе се истражи тоа и ќе се утврди кој се бил вклучен“, рече министерот Ставревски.Царинската управа веќе поднесе кривични пријави против петте лица. За тројца од осомничените кои се во бегство во отсуство им е одреден притвор, додека на едно лице му е одземен пасошот.Министерот Ставревски, исто така, информираше дека Царинската управа во периодот од 2007 до 2010 постапила по вкупно 980 случаи, од кои во 152 е утврдено дека при царинењето се приложени лажни фактури. За овие случаи се поднесени вкупно 206 кривични пријави за царинска измама и даночно затајување против 197 правни лица и 229 физички лица, за избегнување на царински давачки од вкупно 305 милиони денари.Ставревски информираше и дека во периодот од 2004 до 2006 година било постапувано по 330 случаи за што биле поднесени 90 кривични пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнат работник од ЕВН во Горно Нерези
Во полицијата вчера беше пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ бил донесен 50-годишниот Т.И. од селото Матка со повреда.
Според пријавеното, истиот ден околу 11:00 часот во село Горно Нерези, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице кое употребило тврди предмети.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанки пријавиле закани и напад од сопрузите со кои се разведуваат
Во два одвоени случаи пријавени во текот на вчерашниот ден, жени од Скопје побарале полициска заштита поради закани и насилство од нивните сопрузи со кои се во бракоразводна постапка.
Вчера во 11:40 часот бил приведен М.К. (31) од Скопје, по пријава од неговата 30-годишна сопруга дека ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во вториот случај, пријавен во 13:50 часот, 43-годишна скопјанка информирала дека околу 08:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од својот сопруг С.К. (43). СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка измамена за 200.000 денари од „мајстор“ што исчезнал со парите, требало да работи во дворот
Педесетгодишна жена од скопско во полицијата пријавила дека била измамена од лицето В.„Н“ за износ од 200.000 денари.
Според пријавата, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но по земањето на парите престанал да одговара на повиците.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

