Македонија
(Видео) Зафировски: Филипче да направи мапа на болници кои ќе лечат ковид болни
Светот е пред предизвикот на делта-сојот на Ковид-19, а ризикот од нов голем бран на есен е огромен. Покрај предложените мерки кои ги адресиравме до Филипче со цел да се превенира експлозија од нови случаи од октомври, Филипче мора да го подготви системот, со цел болниците да бидат спремни на секакво сценарио, предупеди д-р Оливер Зафировски.
„Според наши сознанија, власта не работи ништо во насока на подготовка за можниот есенски бран. Филипче да каже дали болниците се подготвени за новиот ковид-бран, и ако не се зошто до сега ништо не е преземено.
Дополнително мора веднаш да се направи мапа на болници ќе бидат вклучени во проектот на ковид-центри со цел да не се доведуваме во ситуација целиот здравствен систем да лекува само болни од ковид, а другите пациенти да ги оставиме на милост и немилост“, рече тој.
Според него, треба веднаш да се подготват протоколи, да се обезбедат доволно лекови и лична заштитна опрема, како маски, скафандери, ракавици, но и средства за дезинфекција. Истовремено да се подигне и нивото на хигиена и да се извршат потребните санации или поправки онаму каде што тоа е потребно.
„ Зачудува леснотијата и негрижата со која Филипче и Заев се однесуваат во ек на најголемата пандемија на нашето време. Потребно е да се набават сите неопходни хемиско и биохемиски тестови, да бидат во функција сите рендген-апарати, како и компјутеризирана томографија. Со тоа не би ги довеле граѓаните да плаќаат приватни болници. Додека има време да се направи едукација на медицински тимови со меѓународна конференција со цел размена на искуства“, додаде Зафировски.
Тој упати апел до Филипче и Заев да го напуштат системот на паушалност и да се посветат во борбата против Ковид-19.
„Имаме одлична можност поради големината на земјата да превенираме големи бранови, но за тоа е потребна посветена работа и многу труд“, порача тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

