Македонија
Регистрирани пет нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.749 тестирани, а регистрирани се 5 нови случаи на Ковид-19: во Тетово – 3 и Скопје – 2 лица.
Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од: Велес – 2, Скопје, Прилеп, Тетово и Пехчево- по 1 лице.
Не се регистрирани починати пациенти, информираат од здравство.
Направени се 1.749 тестови преку: ИЈЗ-27, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–11, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-143, Авицена-75, Биотек-93, Систина-48, лабораторија Лаор-0, Синлаб-52, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-258, ВФВ Медикал-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.028.
Досега во земјата се направени вкупно 911.154 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.802, бројката на оздравени пациенти е 150.132, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 183.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68708, Активни 65
Куманово 8884, Активни 11
Прилеп 8328, Активни 3
Тетово 7296, Активни 55
Битола 6310, Активни 6
Велес 5474, Активни 0
Гостивар 5188, Активни 7
Кавадарци 5155, Активни 2
Охрид 5021, Активни 11
Штип 4960, Активни 0
Струмица 4123, Активни 5
Струга 2983, Активни 2
Кочани 2792, Активни 0
Кичево 2600, Активни 13
Гевгелија 2195, Активни 0
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1524, Активни 0
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1161, Активни 0
Берово 1032, Активни 2
Делчево 973, Активни 0
Дебар 942, Активни 1
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АМСМ: Зголемена фреквенција на патиштата – на Табановце и Богородица се чека по 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
ДЗС и МВР во заедничка акција за извлекување на повреден планинар

Утрово планинар при совладување на тежок терен на планината Пелистер ја скршил ногата и не може да се движи, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
По добиената пријава за повреден планинар, Дирекцијата за заштита и спасување итно го мобилизира тимот за спасување од планина чии припадници во моментов се движат кон местото каде што се наоѓа повредениот планинар, а кое е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило, со цел да го имобилизираат, подготват и пренесат до отворено место на кое ќе може да биде преземен од полициски хеликоптер со помош на витло со кое ќе ракуваат специјалци од полициските Тигри.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС постojано докажува дека знае само да слугува на туѓи агенди за лични бизнис интереси и да распродава се што е македонско

СДС во секоја прилика покажува дека има капацитет само да се вклучи во сомнителни активности како актуелните кои се спроведуваат од бугарски служби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС никако да се надмине себе си, а ниту нејзините привезоци, да остане на страна од вакви активности на странски служби водени од чајот на политиката на официјална Софија, бидејќи ги нема нејзините традиционални партнери во надлежните институции во Македонија.
Сега ја нема СДС на власт чии функционери тераат бизниси во Бугарија и прават отстапки кои се штетни за Македонија само поради лични бизнис интереси. Од СДС знаат само да се трампаат или се подготвени да сторат се, да дадат се што е државен интерес на Македонија само нив да им течат бизнисите.
Овие опасни по Македонија активности на официјални Софија во кои им помагаат лица од СДС следи по осуда на бугарските ставови во Европскиот парламент.
Бугарија доживеа пораз во Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент, познат како АФЕТ, па прво се активираше Апасиев, потоа Жерновски кој отиде до таму со ширење ужасни лаги за премиерот.
Но, туѓите агенди се прочитани.
Граѓаните добро знаат кој распродаваше се што е македонско за свои лични бизнис интереси.
Денес има Влада која се грижи за секој еден граѓанин и Влада која само работи во насока Македонија да оди напред“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.