Економија
Новиот PEUGEOT 308: 70% од PEUGEOT Гамата – електрифицирана во 2021

Електрификацијата e главен дел од стратегијата на брендот PEUGEOT. Новиот PEUGEOT 308 ќе понуди два Plug-in хибридни мотори за двете верзии хечбек и SW, веднаш по лансирањето. До 2021 година, овие модели ќе ја зголемат стапката на електрификација на гамата PEUGEOT на 70%, вклучувајќи ги и патничките и комерцијалните возила. До 2023 година, 85% од моделите на брендот ќе бидат електрифицирани, а 100% до 2025 година во Европа.
Од неговото лансирање, новиот PEUGEOT 308 ќе понуди два plug-in хибридни мотори, додавајќи на веќе сеопфатната палета на електрифицирани возила. Новиот PEUGEOT 308 HYBRID 225 e-EAT8 испорачува до 225 КС комбинирајќи мотор PureTech со 180 КС (132 kW) и електричен мотор 81 kW заедно со 8-брзинскиот менувач e-EAT8 (од 26 g C0₂ на км и до 59 км од 100% електричен опсег, според протоколот WLTP. Во меѓувреме, верзијата HYBRID 180 e-EAT8 се напојува со мотор PureTech од 150кс (110kW) заедно со истиот електричен мотор од 81kW и менувач e-EAT8 (од 25g C0₂ на km и до 60km електричен опсег од 100% според протоколот WLTP.
Електрификацијата на гамата PEUGEOT започна пред три години со лансирање на e-208 и, оттогаш, 100% електричните модели (e-208, e-2008, Traveller и Expert) и хибридите (3008 и 508) оставија свој белег на пазарот. Во првите пет месеци од 2021 година, PEUGEOT е втор најпродаван Бренд во Европа според вкупната продажба и веќе е трет најпродаван Бренд за електрифицирани возила. PEUGEOT e-208 и e-2008 се на второто место во нивните соодветни BEG сегменти, добивајќи дел од сегментот месец по месец.
„Електрификацијата е во коренот на нашата стратегија„ Моќта на избор “, која им дава на нашите клиенти можност за избор на мотор, без разлика дали е kонвенционален или електрифициран, она што најдобро одговара на нивните потреби. Одличните продажни резултати на нашите електрифицирани модели покажуваат дека во Европа, ова стратегијата носи плод. На меѓународно ниво, дури и на пазарите каде се појавува електрификација, ќе го искористиме нашето портфолио на електрифицирани модели за да се истакнеме како инвентивен, премиум генералистички Бренд. Каде и да сме, сакаме да бидеме вистински двигатели на напредокот “, вели Линда Џексон, извршен директор на PEUGEOT.
Стратегијата „Моќта на изборот“ е овозможена од мулти-енергетските платформи на групацијата, кои ни овозможуваат да ја поставиме технологијата на највисоко ниво или онака како што нјмногу одговара на потребите на клиентите за конкретен модел: електричен, Plugin хибрид или внатрешно согорување.
За PEUGEOT, електричната понуда вклучува и патнички и комерцијални возила. Брендот нуди 100% електрична верзија на секој од моделите во својата гама на комерцијални возила, што им овозможува на професионалците без никаков проблем да пристапат до зелените површини на големите градови, притоа уживајќи во капацитетот и комфорот, идентичен со оној кај верзиите со согорување.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,23 п.п., при што во август таа изнесува 2,19%.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,54 п.п. и изнесува 4,90%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.
Економија
Божиновска: Енергетски стабилна Македонија со повеќе обновливи извори

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на панел-дискусијата „Жени во енергетиката“ во рамки на Конференцијата „Јас сум жена“.
„„Нашата визија за енергетска Македонија е јасна – да бидеме земја што произведува доволно енергија за сопствени потреби, притоа поголем дел од неа да биде од обновливи извори и да имаме модерна и дигитализирана мрежа што е дел од европската енергетска архитектура. Македонија мора да биде стабилна за своите граѓани и компании, но и доверлив партнер во регионот“, изјави министерката.
Божиновска ја нагласи и улогата на енергетската дипломатија како алатка за обезбедување одржлива иднина – преку регионална соработка, заеднички инвестиции и интегрирани пазари.
„Регионалниот енергетски систем е тесно поврзан – ниту една земја сама не може да обезбеди стабилност и сигурност, особено во време на енергетска транзиција. Затоа енергетската дипломатија значи да преговараме, да се договараме и да соработуваме така што сите ќе добиеме – сигурни испораки, интегрирани пазари и стабилна инфраструктура“ рече Божиновска.
Говорејќи за новоформираното министерство, таа истакна дека неговите темели се поставени врз визија, професионалност и транспарентност, со јасна мисија – енергетиката да биде двигател на економскиот развој.
„Создавањето на оваа институција е порака дека енергетиката е срцето на економскиот развој и иднината на земјата. Во темелите ги вградивме компетентноста, отчетноста и визијата за одржлива иднина – секое наше решение мора да биде усогласено со европските зелени цели и заштитата на животната средина“, нагласи Божиновска.
Во своето обраќање, министерката посочи и на најголемите предизвици: застарената инфраструктура, потребата од инвестиции и модернизација, како и регулаторни промени што ќе ја охрабрат приватната иницијатива.
„ Првиот голем предизвик е староста и неефикасноста на дел од постојната инфраструктура. Производните капацитети како и преносната и дистрибутивната мрежа се градени пред децении и не се дизајнирани за интеграција на големи количества обновливи извори. Тоа бара значителни инвестиции и внимателно планирање за да се модернизира системот без да се наруши стабилноста. Вториот предизвик е финансирањето. Енергетските реформи се скапи, особено кога станува збор за изградба на нови капацитети, дигитализација на мрежите и проекти за енергетска ефикасност. Затоа мора да се работи со комбинација од јавни инвестиции, европски фондови и приватен капитал. За да можат реформите да успеат, потребна е транспарентна и предвидлива регулатива што ќе го охрабри приватниот сектор да инвестира. Тоа значи поедноставени процедури, брзи дозволи и јасни правила за пазарот. И на крај, но не помалку важно, е човечкиот фактор. Транзицијата кон нов енергетски модел не е само технолошка, туку и општествена промена. Таа бара обучени кадри, нови знаења и култура на одговорност – и кај институциите и кај граѓаните“ рече Божиновска.
Таа потенцира дека реформите веќе се спроведуваат – со подготовка на нови фотоволтаични и ветерни капацитети, модернизација на мрежата и програми за енергетска ефикасност.
„Овие чекори покажуваат дека реформите не се само визија, туку реалност што веќе се случува“, рече Божиновска.
Божиновска ја искористи приликата да потсети и на започнатиот процес за институционална заштита на македонскиот рубин – единствениот во Европа што природно се вади и обработува. „Ова е национално богатство и природна гордост која заслужува вреднување и меѓународна промоција“, порача таа.
Економија
Славески: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и на стабилноста на девизниот курс

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, учествуваше на 24. Конференција на Македонска берза, каде што говореше за растечката глобална неизвесност и нејзините импликации врз малите и високо отворени економии, како што е македонската.
Тој истакна дека во постпандемискиот период трговската отвореност на нашата економија во просек достигна околу 150% од БДП, што ја зголемува чувствителноста на промени во надворешното опкружување. Според него, во моментов најизразени се неизвесностите поврзани со новите трговски политики на САД и потенцијалните реципрочни мерки од големите светски економии. Иако директната изложеност кон американскиот пазар е мала, индиректните ефекти преку намалување на побарувачката во ЕУ не се занемарливи. Дополнителна загриженост отвараат можните ефекти врз глобалната инфлација преку синџирите за снабдување и инфлациските очекувања.
„Трговските тензии се надоврзуваат на постојната неизвесност поврзана со геофрагментацијата, политичките нестабилности и состојбата во германската автомобилска индустрија. Дополнително, брзиот развој на технологијата и вештачката интелигенција, кои нудат огромни можности, истовремено можат да предизвикаат и зголемени ризици за монетарната политика во иднина“.
Во однос на одговорот на монетарната политика на ваквите предизвици, тој подвлече дека е неопходно одлучувањето да се темели на широк спектар на податоци и анализи, изготвување алтернативни сценарија и пред сè –посветеност на ценовната стабилност на среден рок и стабилноста на девизниот курс.
„Народната банка останува подготвена да одговори на евентуални непредвидливи предизвици, потпирајќи се на искуството од справувањето со екстерни шокови во минатото. Од суштинско значење е одржувањето на независноста на централната банка и кредибилитетот на нејзините политики. Солидното ниво на девизни резерви е гаранција за стабилноста на девизниот курс на националната валута“, истакна гувернерот.
Славески посочи дека Народната банка ќе продолжи да ги унапредува своите капацитети за справување со предизвиците и дека, иако сите неизвесности не можат да се отстранат, навремено поставување на вистинските прашања е клучно за пронаоѓање на појасна насока за иднината.