Црна хроника
Кривични пријави за три лица од „Охис“ за манипулација со гориво

Поранешниот генерален директор на „Охис“, Јорго Ќука, како и уште две други лица вработени во компанијата, ја оштетиле фирмата за износ од 244.348 денари манипулирајќи со набавка на дизел гориво
Ќука, заедно со Д.М. директор на Комерцијална служба во фабриката „Билјана“, во 2006. година извршиле набавка на дизел гориво од “Марија трејд“-Велес, во количина од 9.910 литри, од која што еден дел односно количина од 4.810 литри испорачале на фирмата „Ата комерц“ од Тетово.При тоа Д.М. сочинила фиктивна фактура со дознака “приватни лица“, а заради сметководствено покривање на оваа количина на гориво, шефот на возачите Н.М. сочинил фиктивни издатници во кои внел невистинити податоци, а на кои тројцата го ставиле својот потпис и го оштетиле „Охис“ за наведената сума.Одделението за економски криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против трите лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри од брегот.
За среќа, во инцидентот нема повредени лица. Во гаснењето на огнените јазици интервенирале екипите на Територијалната противпожарна единица Охрид, заедно со припадници на езерската полиција, кои брзо реагирале за да спречат поголема катастрофа.
Според полициските информации, глисерот бил регистриран и во сопственост на 64-годишниот З.Д. од Тетово. Пожарот предизвикал сериозни оштетувања на коритото, поради што пловилото потонало на длабочина од околу три метри. Покрај тоа, огнот оштетил и два други глисери кои биле укотвени во близина.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а истрагата за утврдување на околностите е во тек.
Топ
Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“ во Тетово. Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, во инцидентот учествувале лица од две возила, при што дошло и до сообраќајна незгода, по што возилата го напуштиле местото на настанот.
„Едното возило се упатило кон улица ‘113’, додека другото заминало во непознат правец“, информираат од МВР. Очевидци изјавиле дека возилото што се упатило кон улица „113“ било „Форд Фиеста“ со тетовски регистарски таблички, кои од извршената проверка се утврдило дека се одјавени и припаѓаат на 19-годишен жител на село Гајре.
При преземените мерки, полицијата на крстосницата меѓу улиците „Благоја Тоска“ и „107“ пронашла патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски таблички, сопственост на 46-годишен жител на Тетово. „Во возилото било пронајдено едно починато лице со прострелни рани од огнено оружје“, соопшти МВР.
Во престрелката биле повредени и малолетно девојче од Тетово, кое е задржано на опсервација во Клиничката болница во Тетово, двајца мажи на возраст од 34 и 46 години, кои со тешки повреди се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, како и 60-годишен пешак, кој бил случаен минувач и е пренесен во истата здравствена установа.
„Формиран е тим со кој раководи дежурен јавен обвинител при ОЈО-Тетово, а увидната екипа од СВР Тетово врши комплетен увид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, наведуваат од МВР.
Црна хроника
Во пасат откриени десет мигранти на возраст од 15 до 39 години

Десет мигранти на возраст од 15 до 39 години, од кои девет од Египет и еден од Сирија, открила полицијата ноќеска во патничко возило „фоксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки.
Како што соопшти МВР во дневниот билтен, возилото било забележано во 00:40 часот кај место викано „Раскрсница Ѓавато“ од полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ.
„Откако ги забележал полициските службеници, возачот го запрел возилото и го напуштил местото. При преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти на возраст од 15 до 39 години, од кои девет од Египет и еден од Сирија“, наведува Министерството за внатрешни работи.
По наредба на јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка, а увид извршила екипа од Одделение за прекуграничен криминал, миграции странци и реадмисија Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.