Црна хроника
Вработен во АРМ ограбувал експозитури на банки

Вработен во АРМ синоќа бил уапсен поради сомневање дека ограбил експозитура на Комерцијална банка во Кисела Вода, потврди МВР. Полицијата има сомневања дека истиот е одговорен и за уште еден грабеж
На осми април вооружен со пиштол уапсениот влегол во експозитурата и го одземал дневниот промет од вработените.Лицето утрово ќе биде изведено пред истражен судија.
Според полицијата на осми април годинава вооружен со пиштол, уапсениот влегол во експозитурата и го одземал дневниот промет од 3.000 евра.На 18 март полицијата го уапси дваесет и петгодишниот С.С., гардист на АРМ, под сомнение дека на 18 јануари украл околу 80.000 денари од Уни Банка“ во трговскиот центар „Мавровка“,
Тогаш се појавија и информации дека Јасмин Лесковица, убиецот на Мирсад Криешторац, кој беше убиен кај Универзалната сала, исто така бил гардист во армијата на АРМ.
Од почетокот на годинава ограбени беа вкупно девет експозитури на банки. Крадците одзедоа над половина милион евра. Разбојниците најчести “клиенти“ беа во експозитурите на Комерцијална и Уни банка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.