Црна хроника
Службеникот од АРМ, ограбувал за да се раздолжи
Разбојникот кој полицијата го сомничи дека во два наврати ограбил експозитурата на Комерцијална банка во населба Кисела вода, парите што ги украл ги искористил за да врати долгови
Осомничениот вчера во службен разговор со полицијата ги признал делата, го појаснил начинот на кој ги вршел разбојништвата и бил препознат од страна на вработените кои за време на грабежот биле во филијалата.Неофицијално се работи за дваесет и деветгодишниот Гоце Смилевски кој што бил вработен во АРМ со чин капетан.Првиот грабеж, на 17 август 2009 година го извршил така што го зел службениот пиштол од касарната „ Страшо Пинџур “ во Петровец, бил маскиран со стегач на главата, облечен во дуксер отишол во Комерцијална банка и со закана ги одзел парите од вработените.Дел од парите ги искористил за да плати рата за возило земено на лизинг, како и да ги врати долговите во обложувалници.
Вториот грабеж кој се случи на осми април исто така го извршил со службен пиштол со кој им се заканил на вработените и им го зел дневниот промет .Парите ги искористил за враќање на аванс кој го зел за службено патување. Украл вкупно 1,7 милиони денари.МВР вчера ја контактирала АРМ каде Смилевски работел. Тој нема полициско досие а неофицијално дознаваме дека се работи за синот на деканот на Воена академија во Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Го убиле соседот кој претходно ги пречекал во Кочани и со кој заедно пиеле
ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.
„На 6.9.2024 во 7.43 часот Ѓ.Б. пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот. При тоа, во службен разговор Љ.С. признал дека Ѓ.Б. и Љ.С. претходната вечер биле во домот на нивниот сосед Д.А. и консумирале алкохол, по што настанала расправија и го удирале Д.А. со тврди предмети. Ѓ.Б. и Љ.С. се лишени од слобода и со кривична пријава предадени на ОЈО Кочани за понатамошно постапување“, извести МВР.