Контакт

Регион

Турција уапси двајца новинари за текст за доставување оружје во Сирија

Објавено пред

Уредникот на весникот Cumhuriyet. Џан Дундар и дописникот Ердем Ѓул, се уапсени од турската полиција во четвртокот поради написот во кој е опишано како камиони на турската разузнавачка агенција превезувале оружје за терористи во Сирија во почетокот на 2014 година, пренесува ноќта кон петокот агенцијата Dogan.

dobivaj vesti na viber

„Обвинети сме за шпионажа. Претседателот го нарече (нашето работење) предавство. Ние не сме предавници, шпиони или херои, ние сме новинари. Она што го сторивме е новинарска активност“, изјавил Дундар пред да биде изведен на сведочење во обвинителството во четвртокот. „Секако, ова ќе му помогне на обвинителството да расветли како овие инциденти се случиле, а не како ние известувавме за тоа“, додал.Дундар и Ѓул се обвинети за вмешаност во вооружена организација и за шпионажа. Причина за нивното апсење е напис објавен ова лето, во кој се наведува како турските безбедносни сили наводно ги вооружуваат милитантите во Сирија. Според написот, бил следен транспортот на камиони со оружје кој бил организиран од турската Национална агенција за разузнавање (MIT)Под вооружена организација турското обвинителство препознава Фетулахистича терористичка организација (FETO), а терминот го користат обвинителите за да ги одредат следбениците на Фетулах Ѓулен, влијателен исламски клерик и филозоф, кој живее во егзил во САД. Ѓулен, порано близок со Ердоган, се смета за најзаслужен за  политичкиот подем на актуелниот исламско-конзервативен турски претседател, но од минатата година Ѓулен и неговите следбеници се обвинети дека во Турција воспоставила „паралелна држава“ во државните, судските и безбедносните структури, откако во медиумите се појавија серија написи за корупциски скандали во кои се споменати високи функционери и семејства на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP). Репортажата објавен во истанбулскиот дневен весник Cumhuriyet (Република) на 29-ти мај годинава, се прикажани наводни проверки на припадниците на жандармеријата и полицајци на камиони со оружје и муниција, кои во јануари 2014 година ги испратила MIT во Сирија.Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 2-ри јуни годинава поднесе приватна кривична пријава против Дундар и весникот Cumhuriyet тврдејќи дека во сторијата има снимки и информации кои не се веродостојни и порачувајќи дека оние „кои ја напишале ќе платат висока цена“.Во тужбата се наведува дека весникот учествувал во акциите на Ѓулен со објавување фабрикувани снимки и информации кои биле доставени до него од „паралелните структури“ за да „се создаде перцепција дека Турција помага терористички организации“.Ердоган тврди дека камионите содржеле помош за Туркмените, туркофона етничка заедница која живее во Сирија, и дека новинарите биле соучесници во „саботирањето“ на таа помош, со цел да му наштетат на неговиот и на угледот на неговата партија.Претседателот бара две доживотни казни за предавство и уште 42 години затор за сите дела. Во тужбата е наведено дека написот „не соодветствува со вистината“, податоците „се фалисфикувани и добиени од паралелни структури“. Покрај тоа, Дундар е обвинет за шпионажа и откривање државни тајни./крај/мф/сн

Извор: Dogan



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Црна Гора два дена бојкот на трговските синџири. „Сложно, обединето, упорно“

Објавено пред

Во Црна Гора денеска почна дводневен бојкот на малопродажните синџири поради високите цени, на кој повика невладиното здружение „Алтернатива“.

dobivaj vesti na viber

„Се повикуваат жителите на Црна Гора денеска и утре да не пазарат во големите продавници, туку доколку мораат да пазарат во мали продавници со најмногу десет вработени.

Секојдневно сме сведоци на невидени поскапувања на основните производи, додека сопствениците на големи синџири акумулираат профит на сметка на народот“.

Истото невладино здружение минатиот петок организираше бојкот на продавниците во Црна Гора, кога според Даночната управа на Црна Гора, петте најголеми трговски синџири забележаа пад на прометот од 56,14 отсто.

Минатата недела повеќето жители на северниот дел на Црна Гора се одзваа на повикот за бојкот на големите продавници, додека одзивот беше нешто помал во централниот и јужниот дел на Црна Гора.

Прикажи повеќе...

Регион

Мицотакис од Санторини: Властите ја следат сеизмичката активност, граѓаните да останат мирни

Објавено пред

Грчките власти се на готовност и ја следат зголемената сеизмичка активност на островот Санторини, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повикувајќи ги граѓаните да останат смирени и да ги следат упатствата на службата за цивилна заштита.

dobivaj vesti na viber

„Уште еднаш сакам да ги уверам жителите на Санторини и на соседните острови, кои деновиве се пред тест, дека државниот механизам е на нивна страна“, рече Мицотакис за време на неговата посета на островот додавајќи дека подготвеноста и превенцијата се клучни, пренесе „Ројтерс“.

Тој изрази надеж дека оваа појава бргу ќе заврши и дека островот целосно ќе се врати во својот нормален ритам.

Прикажи повеќе...

Регион

Блажиќ осуден за масовното убиствo кај Младеновац се степал во затворот

Објавено пред

Урош Блажиќ, осуден за масовно убиство во селата кај Младеновац, се судрил со уште еден притвореник со кој ја дели ќелијата во Окружниот затвор во Смедерево.

dobivaj vesti na viber

Од Управата за извршување кривични санкции за „Танјуг“ потврдија дека вчера Блажиќ и уште едно приведено лице имале кратка вербална и физичка пресметка во просторијата во која биле заедно сместени.

Службата за обезбедување веднаш интервенирала и двете лица ги привела на лекарски преглед, што е дел од редовната процедура, по што биле сместени во разни простории, што исто така е задолжителен дел од постапката.

За овој случај е известен и надлежниот суд и треба да донесе одлука за дисциплински мерки против овие приведени, велат од Управата за „Танјуг“.

Урош Блажиќ со првостепената пресуда е осуден на 20 години затвор бидејќи на 4 мај 2023 година во селата Мало Орашје и Дубона уби девет и рани 12 лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани...

Скопје2 часа

МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави

Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни...

Македонија2 часа

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12 години затвор,...

Македонија2 часа

Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен...

Скопје2 часа

Нормализирана наставата во училиштата во Скопје по дојавите за бомби

По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и...

Регион3 часа

Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука...

Европа5 часа

Човекот што најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот...

Европа5 часа

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за завршување на војната, проблемот е што тој се плаши

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за политичките и...

Свет5 часа

Трамп воведува санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за „преземање незаконски...

Македонија16 часа

Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР

Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив. „Францускиот...

Економија22 часа

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности,...

Македонија23 часа

Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот...

Македонија23 часа

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...

Македонија24 часа

Мицкоски очекува по изгласувањето интерпелација, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со...

Топ1 ден

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија1 ден

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР: ОЈО со детали за измамата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две...

Македонија1 ден

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто...

Македонија1 ден

Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски....

Македонија1 ден

СДС и Филипче да кажат дали и колку пар ѝ плаќале на судијката што го ослободи од затвор возачот убиец, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Деновите поминуваат, дилемите се редат, а СДС и Филипче глас не пуштаат. Со нивниот молк уште повеќе ја зголемуваат недовербата...

Македонија1 ден

„Во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува албанската културна продукција“, велат од ДУИ

„По молкот на институциите и одредени општествени актери во врска со реакцијата на ДУИ за очигледната дискриминација во распределбата на...