Европа
Камерон призна дека поседувал удели во офшор фондовите на татко му
Британскиот премиер Дејвид Камерон призна во четвртокот навечер дека до 2010 година поседувал удели во фидуцијарниот фонд на неговиот татко регистриран на Бахами, по повеќедневните притисоци по откривањето на аферата Panama Papers, која укажување дека илјадници светсчки политички челници и славни личности со децении користеле офшор компании во ткн даночни оази за да го прикријат текот на парите и да го одбегнат плаќањето даноци.
За телевизиската мрежа ITV, британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека споменатите удели го продал во 2010 година, за околу 37.000 евра, неколку месеци пред да биде избран за премиер.
Медиумите го нападнаа кога се откри дека неговиот татко, Лан Камерон, кој починал во 2010 година, управувал со фонд од кој добивката триесет години ја криел од британските даночни власти, благодарејќи на заплетканата финансиска шема со посредување на панамската адвокатска канцеларија „Mossack Fonseca“ којашто, според нејзините претставници, постапувала по барање на големите банки во интерес на нивните клиенти.
Од Даунинг Стрит (седиштето на британската влада) беа издадени четири соопштенија по ред во кои беше истакнувано дека станува збор за „приватна работа“, а самиот премиер Камерон во вторникот изјави дека не поседува „никакви удели, никаков офшор труст, никаков офшор фонд ниту што и да е слично“.
Во четвртокот претходно пред изјавата за ITV, повторно изјави дека не поседува „никакви удели“, но првпат призна дека претходно поседувал удели во фондот на татко му.
„Саманта (сопругата на британскиот премиер – з.р.) и јас поседувавме 5.000 акции во Blairmore Investment Trust кои во јануари 2010 година ги продадовме за 30.000 фунти“, пред да стане премиер, наведе во изјавата за телевизијата.
Камерон истакна дека на приносите платил данок во Велика Британија, како и дека во неговата постапка немало ништо незаконско.
„Искрено, немам што да кријам. Горд сум на својот татко и на она што го направил, на компанијата којашто ја основа и на сето останато. Не можам да трпам неговото име да се влече по кал“, рече Камерон
„Имам две куќи, од кои едната ја изнајмувам и премиерска плата. Немам акции ниту инвестиции, имам извесна заштеда“, додаде британскиот премиер.
Според пишувањето на британскиот дневен весник The Guardian, член на Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари (ICIJ) кој ги доби таканаречените Панамски документи (Panama Papers), фондот на Јан Камерон вработувал педесетина лица на Бахами кои потпишувале документи и вршеле благајнички и секретарски работи и таквото работење не било незаконско./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
„Фајненшл тајмс“: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен
Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.
Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.
фото: принтскрин
Европа
Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските пилоти да украдат авион МиГ-31 вооружен со хиперсонична ракета Кинжал за 3 милиони долари, објавија државните медиуми.
Новинската агенција РИА го цитираше ФСБ како вели дека киднапираниот авион требало да биде пренасочен кон воздухопловната база на НАТО во романскиот град Констанца, каде што би можел да биде соборен од воздушната одбрана, соопшти агенцијата.
ФСБ, главниот наследник на КГБ од советската ера, вели дека Украина и Велика Британија планирале голема „провокација“ користејќи го киднапираниот авион и дека украинските воени разузнавачки службеници се обидувале да ги намамат руските пилоти за 3 милиони долари за да го украдат авионот.
„Преземените мерки ги осуетија плановите на украинското и британското разузнавање за голема провокација“, цитираше РИА функционер на ФСБ.
Државната телевизија емитуваше фотографии од пораки и снимки од човек за кој се вели дека работел за украинската и британската разузнавачка служба и му понудил 3 милиони долари на руски пилот да лета со МиГ до Европа и дека на пилотот му е понудено државјанство.
Рускиот Кинжал е балистичка ракета лансирана од воздух што Москва ја нарекува хиперсонична, способна за големи брзини и маневрирање на патеките на летот за да им го отежни на воздушната одбрана следењето и пресретнувањето.
Русија долго време ја смета Велика Британија за свој главен непријател. Москва го обвинува Лондон за поттикнување на војната во Украина, а британското разузнавање за помагање на Украина да започне серија операции длабоко на руска територија.
Велика Британија ја смета руската инвазија на Украина за империјално присвојување на земјиште. Лондон постојано предупредува дека руското разузнавање се обидува да посее хаос низ Велика Британија и Европа за да ја поткопа демократијата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта
Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на локалните канали на Телеграм кои споделија снимки на кои наводно се гледаат експлозии во објектот.
Гувернерот на областа Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена. Руските медиуми објавија дека по инцидентот привремено се воведени ограничувања за летови на регионалниот аеродром.
Ukrainian attack drones just successfully struck Russia's Saratov oil refinery, setting the facility ablaze.
The refinery, owned and operated by Russia's Rosneft, processes about 7 million tons of crude oil per year. pic.twitter.com/9S9Qn45YfF
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 10, 2025
Рафинеријата во Саратов произведува повеќе од 20 видови нафтени деривати, вклучувајќи бензин, дизел, мазут и битумен. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во 2023 година фабриката преработила околу 4,8 милиони тони сурова нафта.
Саратов е важен индустриски центар, сместен на околу 150 километри од границата со Казахстан и приближно 600 километри источно од украинскиот фронт.
Инцидентот се случил во време кога Русија бележи серија слични експлозии и пожари во објектите на енергетската инфраструктура, а Москва сè повеќе ја обвинува Украина за напади со беспилотни летала врз цели длабоко на руска територија.
фото: принтскрин

