Црна хроника
Осомничениот за убиството и кичевчанката биле во љубовна врска
Осомничениот за убиството во Кичево и убиената кичевчанка Верка Крстеска биле во љубовна врска и од пред околу една година имале блиски средби. Ја убил за 3.500 денари, велат од полицијата
Местото каде што Верка Крстеска беше најдена мртва, било едно од местата каде што се среќавале. На средбата, кога кичевчанката била убиена двајцата започнале вербална рапсравија, а потоа и тепачка.Според кажувањата на осомничениот за убиството, расправијата започнала бидејќи, според него на една од нивните претходни средби, Верка му украла 3.500 денари.Полицијата вчера го приведе педесет и седумгодишниот Коста Лазески, осомничен дека минатиот месец со 25 убоди со нож ја убил седумдесет и седумгодишната Верка Крстеска од Кичево.На местото на убиството е пронајдена футрола од ножот, со кој Верка била убиена. Против приведениот ќе биде поднесена кривична пријава за убиство.Кичевчанката Верка Крстеска минатиот месец беше пронајдена убиена со 25 убоди од нож во напуштен објект од кичевската болница. Заминала да фрли ѓубре во контенјер и од тогаш не се вратила дома.Полицијата отфрла каква и да е поврзаност меѓу ова убиство и убиствата на четирите постари жени кои се случија пред неколку години. За две од тие убиства, беше осомничен новинарот Владо Танески.По самоубиството на Танески во кофа со вода во истражниот затвор во Тетово случајот остана без завршница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

