Црна хроника
Во Тетово и Гостивар приведувања за проституција
Ноќта кон саботата извршена е полициска рација во ноќни локали во Тетово и Гостивар во нивните околини, при што се приведени неколку десетици лица под сомнение за посредување при проституција/
Вкупно во локали во Тетово и Гостивар се приведени 38 албански државјанки. Имено во гостиварското село Чегране, во локалот „Нота“ при контролата од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар, поради сомнение за посредување при проституција приведени се 11 албански државјанки и една бугарска државјанка.
Во Тетово, пак, во локалот „Бели“ при иста контрола од страна на полициски службеници од тетовската полиција и инспектор од Управата за јавни приходи (УЈП), поради утврдување идентитет, приведени се 25 албански државјанки и една македонска државјанка./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Радовишанка обвинета за лажно пријавување бомба во основно училиште
Четириесетгодишна радовишанка лажно пријавиЛа дека има бомба во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш.
„Осомничената 40-годишна радовишанка, на 29 октомври од Скопје пријавила дека е поставена бомба во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш. Од нејзината електронска пошта, преку мобилниот телефон, испратила порака со заканувачка содржина на службената електронска адреса на училиштето, иако знаела дека не е поставена експлозивна направа во училиштето“, соопшти Јавното обвинителство.
Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител до Судот достави и предлог за определување повеќе мерки на претпазливост – забрана за напуштање на престојувалиштето, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на определени активности кои се поврзани со кривичното дело, односно – забрана за испраќање на пораки со заканувачка содржина.
Црна хроника
Уапсен возач во Ресен, управувал возило со 2,79 промили алкохол во крвта
Вчера на ул. „Корчуланска” во Ресен, полициски службеници го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско.
При контрола во сообраќајот, од страна на полициските службеници било констатирано дека Б.Л. управувал возило „пежо“ под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,79 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсени две лица во Пласница поради кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави
Вчера во атар на село Преглово, општина Пласница, полициски службеници ги лишија од слобода А.М.(27) и М.М.(64) за кражба на дрво.
Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од А.М., а сопатник бил М.М.(64), кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири.
Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, а против А.М. и М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

