Спорт
Луис Хамилтон стравува дека има „долг КОВИД“
Седумкратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон открива дека уште страда од ефектите од КОВИД-19, осум месеци по неговиот прв позитивен тест на вирусот.
Откако го освои третото место на Хунгароринг во трилер трка, тој призна дека се чувствува исцрпено, а потоа доцнеше на прес-конференцијата бидејќи беше на преглед кај тимскиот доктор на Мерцедес.
„Не сум зборувал досега, но мислам дека имам долг Ковид, и дека ефектите уште се тука. Се сеќавам на ефектите кои ги имав кога бев позитивен и иако тренирав потоа, се чувствував поинаку. Нивото на замор кој го чувствувам е многу поинакво и тоа е голем предизвик за мене. Се обидувам да се подготвам. Не знам што беше денеска, можеби не бев доволно хидриран. Имам вртоглавица и погледот ми е матен. Се обидувам дао станам здрав, но не е лесно“, изјави Хамилтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дуплантис и Бол најдобри во Европа за 2025 година
Холанѓанката Фемке Бол и Швеѓанецот Арманд Дуплантис се прогласени за најдобри атлетичари во Европа за 2025 година. Церемонијата на доделување награди се одржа во Батуми, Грузија, под покровителство на Европската атлетска федерација.
Ова е трет пат Бол и Дуплантис да ја освојат оваа престижна титула, а единствениот друг спортист кој ја освоил повеќе пати е Британецот Мохамед Фарах.
Арманд Дуплантис, кој повторно стана светски шампион во скок со стап оваа година, го сруши својот 14-ти светски рекорд, прескокнувајќи 6,30 метри. Овој исклучителен резултат е само потврда за неговата доминација во оваа дисциплина.
Од друга страна, Фемке Бол ја одбрани титулата светска шампионка во трките на 400 метри со пречки, што беше клучниот момент од нејзината извонредна сезона.
Наградата за „ѕвезда во подем“ им припадна на швајцарската атлетичарка Одри Веро и полскиот талент Хуберт Тросканк.
Спорт
Голем удар за Лејкерси, се повреди Дончиќ
Првата ѕвезда на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе пропушти неколку натпревари поради повреда на прстот.
Станува збор за повреда на прстот на левата рака. Се очекува да биде во аут најмалку една недела.
Ова значи дека Лејкерс сигурно ќе бидат без Дончиќ против Сакраменто, Портланд и Минесота.
Дончиќ започна силно во првите два натпревари. Тој забележа вкупно 92 поени, 23 скока и 17 асистенции. Значи, ова е голема штета и голем удар за Лејкерс.
Проблемот за ЛА Лејкерс е поголем ако се знае дека поради повреда се зоната се уште не ја започнал Леброн Џејмс.
Спорт
(Видео) Јувентус ја продолши лошата серија, загуби од Лацио
Фудбалерите на Лацио го победија Јувентус со 1:0 во последниот натпревар од деветтото коло на италијанската Серија А. Единствениот гол на натпреварот го постигна хрватскиот фудбалер Тома Башиќ, кој беше стрелец во деветтата минута од натпреварот. Тоа беше неговиот прв гол по 907 дена.
Со оваа победа, Лацио скокна на 10-то место со 11 бода, додека Јувентус остана осми со еден бод повеќе.
Екипата на Игор Тудор на тој начин продолжи со серија од осум последователни натпревари без победа во сите натпреварувања, што е најдолгата таква серија во последните 16 години. Исто така Јувентус е во серија од четири натпревари без постигнат гол во сите натпреварувања.
Лацио, од друга страна, ја продолжи својата серија од четири натпревари без пораз.

Лацио поведе во деветтата минута. Башиќ го постигна голот по катастрофалната грешка на напаѓачот на Јувентус, Џонатан Дејвид, кој се обиде да ја врати топката кон својата одбрана со глава, но ја додаде директно до Данило Каталди.
Капитенот на Лацио веднаш ја препозна можноста и навремено го проигра Башиќ, кој шутираше по земја со левата нога од околу 20 метри. Топката отскокна од Федерико Гати и го измами голманот Матија Перин.
Foto/ EPA

