Македонија
Плаќање сметки преку „Мојот А1“ за 1 минута и 40 секунди

А1 Македонија има развиено неколку канали преку кои на корисниците им го олеснува процесот на плаќање на месечните сметки. Покрај традиционалните канали на располагање ги има SST машините или платомати во 23 салони низ земјата, веб страната www.a1.mk/plati-smetka, QR кодот за онлајн плаќање кој од неодамна се наоѓа на месечната сметка, виртуелниот асистент Славчо преку кој корисниците можат да ја платат својата сметка, како и апликацијата Мојот А1 која им е достапна на корисниците во секој момент на нивниот мобилен уред.
Плаќањето на сметки преку Мојот А1 е многу едноставно и прегледно и истото го практикуваат значаен дел од корисниците на А1 македонија кои ги плаќаат своите сметки преку онлајн каналите, a истите се над 25% од сите корисници на А1. Времето потребно за да се изврши плаќањето на една месечна сметка преку апликацијата е во просек 1 минута и 40 секунди, со што покрај врвното корисничко искуство на корисниците им останува и повеќе слободно време за активности кои ним повеќе им одговараат.
Плаќањето на сметки преку Мојот A1 е едноставно и детално разработено во следното видео, со што едноставно може да го разберат корисниците на А1 Македонија без разлика во која возрасна група припаѓаат.
Преку мобилната апликација, корисникот може да активира електронска сметка и да ги плати своите сметки лесно, брзо и безбедно, со платежна картичка и во секое време.
Мобилната апликација Мојот А1 е достапна на македонски, албански и англиски јазик, а може да се преземе од App store, Play store и АppGalerry.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.