Црна хроника
Уште двајца притвореници од случајот „Пајажина“ во куќен притвор
Уште двајца притвореници од случајот „Пајажина“ се пуштени во куќен притвор поради здравствени проблеми
Кривичниот суд денеска одлучил на Ѓултен Џемаили и на братот на Велија Рамковски, Амди Рамковски да им го замени притворот со домашeн. Доколку Oбвинителството не поднесе жалба на ова решение, двајцата притвореници ќе бидат дома.Управителката Џемаили беше оперирана поради напад на слепо црево, а братот на Велија боледувал од срце.Сега во домашен притвор се наоѓаат петмина од вкупно 14 притворени во овој случај. Во притворот во Шутка останаа деветмина.Адвокатите поднесоа жалби поради продолжениот притвор на осомничените. Кривичниот совет треба да одлучува и за притворот и за блокираните сметки на фирмите на „Перо Наков“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен државјанин на Турција, криумчарел мигранти
Денеска во 04.00 часот кај село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Т.Н.Ј. од Република Турција.
При преглед во возилото „дачија дастер’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 15 лица мигранти, од кои шест малолетници.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми
Вчера во 10.00 часoт во село Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 30-годишниот К.С. од селото Романовце, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.