Црна хроника
Нападната веб-страницата на Музејот на современа уметност
Косовски хакери упаднале на веб-страницата на Музејот на современа уметност – Скопје и оставиле навредувачки пораки
Во делот каде што треба да стои контактот на Музејот, стои „Косово засекогаш, Е.. се Македонија!“, а причината за овој упад е поради Енциклопедијата и се‘ понапнатите меѓуетнички односи. Во делот Историја стои Kosova Network Security и потписот на хакерот – CrAcKeR BeSi & v|agra.
Инаку, во Музејот на современа уметност од 19 октомври ќе биде отворен изложбата на Салвадор Дали.Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, за www.forum.com.mk изјави дека засега нема пријава за компјутерски напад. Инаку, процедурата по вакви комјутерски упади е да се пријави во надлежната полициска станица која потоа пријавата ја проследува до Одделението за компјутерски криминал кое води истрага за природата на нападот, како и за идентитетот и намерите на напаѓачот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници ги уапсиле Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.
Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.
Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката
Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица за незаконит лов, а едно од лицата е осомничено и за убиство од небрежост.
На 10.11.2025 полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода М.Б.(40) од село Габревци, Љ.М.(64) од село Долни Липовиќ, М.Д.(50) од село Габревци, В.Р.(52) од село Ракитец, М.М.(67) од село Ракитец, С.Р.(34) од село Ракитец, Г.Р.(69) од село Ракитец, В.И.(48) од село Ракитец, В.Н.(72) од село Долни Липовиќ, Г.К.(51) од село Дедино и Ј.Б.(47) од село Габревци, сите во општина Конче. Лишените од слобода, заедно со Ј.П.(46) од село Ракитец, општина Конче, на 10.11.2025 во атар на с. Габревци биле во лов на дивеч без да поседуваат дневни дозволи за лов.
За време на ловот, во еден момент М.Б. од својата ловечка пушка од небрежност испукал еден истрел и го погодил Ј.П. во пределот на стомакот и раката, по што М.Ј. и Љ.М. го качиле повредениот во патничко возило и тргнале кон Итна медицинска помош Радовиш. По пат ја известиле Итната медицинска помош и на место викано „Дедински Чаири”, атар на село Дедино, се сретнале со возилото на итната помош, каде што лекар констатирал смрт кај Ј.П..
Увид на местото изврши јавен обвинител, а телото на починатиот е дадено на обдукција.
Од сите инволвирани се одземени ловечки пушки и муниција, а ловечка пушка и муниција се одземени и при претрес на домот на М.Б., извршен со судска наредба.
М.Б., Љ.М. и Г.К. се задржани во Полициската станица Радовиш, а во текот на денот против М.Б. ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „убиство од небрежност“.
Додека, по целосно документирање на случајот против сите лица ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „незаконит лов“.
Црна хроника
Oграбена скопјанка во Гази Баба
Скопјанка пријавила дека била ограбена од страна на женско лице на подрачјето на Гази Баба.
Имено вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, М.Г.(77) од Скопје пријавила дека на 08.11.2025 околу 17:00 часот пред продажен објект на подрачјето на Гази Баба, едно женско лице со употреба на физичка сила ѝ одзело паричник со пари и лични документи.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

