Црна хроника
Условни казни за сите 57 обвинети во Бришач
Условни казни добија сите 57 обвинети во акцијата Бришач.
Најмалата казна е три месеца затвор која е заменета со условна од една година, а најголемата казна која ја досуди судот е две години затворска казна која ќе се изврши доколку во рок од пет години осудениот стори друго кривично дело.
Меѓу обвинетите имаше полициски службеници, односно раководители на увидни екипи на МВР при Одделението за вршење увид на сообраќајни незгоди, како и виши крим-техничари за сообраќај.
Криминалната група ги оштетила осигурителните компании за два милиона денари или за повеќе од 30 илјади евра. Групата работела од 2007 година и случаите на лажирани сообраќајки биле речиси идентични меѓу себе. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
Вчера во 18.30 часот во полициската станица Валандово било пријавено дека во својот дом во градот бил пронајден починат Б.Е.(56), соопшти МВР.
Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Притвор и кривична пријава за убиство доби осомничениот маж од Стајковци
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.К.(66) од скопското село Стајковци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
Како што информира денеска МВР, Љ.К. се сомничи дека на 14 мај 2024 во домот во село Стајковци со метален предмет ги нападнал неговиот брат В.К. (64) и неговата снаа С.К. (57), кои од здобиените повреди починале на местото.
Лицето било изведено пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
Топ
Бебе почина во болница во Охрид
Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе.
Бебето претходно во Службата за итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.
Пред неколку дена, на 14 мај 2024 година, почина седуммесечно бебе од Вевчани во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ по извршен хируршки зафат.
Бебето било донесено во болница од неговата мајка. Според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење веднаш била извршена операција.
Според изјавата мајка, повредите бебето ги добило откако паднало од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.