Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ објави дел од кандидатите за градоначалници: „Креираме нова генерација на политичари“
ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори излегува со најголем процент на комплетно нова генерација на политичари кои ќе создадат една нова понудата на ВМРО-ДПМНЕ за она што им е потребно на граѓаните во секоја општина, пред се просперитет, повеќе пари, сигурност и можности за создавање на иднина, истакна на денешната прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„1.Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода е Орце Ѓеоргиевски.
2. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Сопиште е Стефче Трпковски, кој е актуелен градоначалник на општината.
3. ВМРО-ДПМНЕ за Центар ќе оди со поддршка на кандидатурата на професор доктор Наташа Котлар.
4. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани е Љупчо Папазов.
5. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општината Петровец е актуелниот градоначалник Борче Митевски.
6. Во Илинден ВМРО-ДПМНЕ оди на победа со Александар Георгиевски.
7. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Штип е Иван Јорданов.
8. На победа одиме и во Велес, една исклучителна богата кариера стои позади Марко Колев.
9. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во Радовиш е Ацо Ристов.
10. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Конче е Златко Ристов.
11. Во Босилово победата ќе ја однесе кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ристо Манчев.
12. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општина Валандово е Тони Узунов.
13. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општина Богданци е Марјан Пеев.
14. Кандидат за градоначалник за општина Дојран е Филип Дончовски.
15. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гевгелија е Андон Сарамандов.
16. Понатака во четвртата изборна единица на победа одиме во општина Неготино со Д-р. Горан Стојанов.
17. Кандидат за градоначалник во четвртата изборна единица во Демир Капија е Андон Донев.
18. Во општина Росоман на победа одиме со еден исклучително мотивиран човек Тихомир Николов.
19. Во Прилеп во четвртата изборна единица одиме на победа со доктор Борче Јовчески.
20. За општина Кривогаштани кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник е Александар Богданоски.
21. Во општина Могила одиме на победа со Драганчо Саботковски.
22. И во општина Новаци, последната за денес од четвртата Изборна единица, кандидат и нов градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е Стевче Стевановски.
23. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Вевчани е Спасе Кочовски.
24. Кандидат за градоначалник за општина Брвеница, кадешто во една тешка битка убеден сум дека ќе победиме е Јовица Илиевски.
25. Кандидат за градоначалник и нов градоначалник на општина Јегуновце, е Димитар Костадиновски.
26. И последниот кој што сакам да го преставам за денес е кандидатот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски“, рече Николоски.
„Во изборот на кандидатите за градоначалници се водевме пред се од мислењето на граѓаните, но исто така и она кое граѓаните го посакуваат за својата општина. Во предвид беше секако она што тие го посакуваат во својата општина. Ова се лицата со највисок рејтинг и поддршка од народот во населените места од коишто доаѓаат. Во предвид беше исто така земено и мислењето на партиското членство. На некои места одиме и со поддршка на истакнати интелектуалци, доктори, општественици, стопанственици, коишто се признати во својата средина и коишто можат да направат едно пошироко обединување. Целта ни е да креираме нова слика за политиката, нов бран и нова генерација на политичари коишто ќе работат за доброто на народот“, рече Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Граделе во заштитена зона на Шара – кривична за двајца мажи
Двајца мажи се соочуваат со кривична пријава откако, според полицијата, нелегално граделе во зона на Националниот парк „Шар Планина“.
Станува збор за Ф.Ш. (65) од Тетово и И.А. (45) од селото Бродец, кои во текот на 2025 година, во атарот на селото Гајре, изградиле шест бетонски столбови без да обезбедат дозвола за градба од Општина Тетово.
Кривичната е поднесена кривична пријава за „бесправно градење“.
Македонија
Кривична пријава за директор на студентски дом поради несовесно работење
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Ј. (57) од селото Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според пријавата, на 29 и 31 мај 2024 година, Н.Ј., во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки.
Тој извршил плаќање на фактури во вкупен износ од 84.320 денари за сместување, односно ноќевање за себе и за ученици од студентскиот дом во два хотели во Охрид, без да спроведе соодветна постапка за јавна набавка, соопшти полицијата.
Македонија
Кривична за поранешен градоначалник на Чашка поради сомнеж за злоупотреба
Полицијата поднесе кривична пријава против Г.С. (47) од Велес, поранешен градоначалник на Општина Чашка, и против М.А., раководител на финансиското одделение во истата општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пријавата, Г.С. во текот на 2021 и 2022 година, во повеќе наврати, свесно и со умисла ја ангажирал второпријавената да извршува работни задачи подолго од нејзиното работно време, иако таа била вработена со скратено работно време, што е спротивно на Законот за работни односи, кој забранува прекувремена работа за лица со скратено работно време.
Од СВР Велес информираат дека М.А., и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и донесеното решение за четиричасовно работно време поради здравствени причини, прифатила да биде дополнително ангажирана.
За извршените активности ѝ биле исплатени 50.109 денари, со што, според пријавата, е нанесена штета на буџетот на Општина Чашка.

